Препораките произлегуваат од паралелните дискусии во рамките на Третиот состанок на НКМ-РА кој се одржа на 14.05.2026 г. во хибриден формат, со учесници присутни во Клубот на пратеници во Скопје и онлајн. Овој состанок претставува клучна точка за евалуација на досегашните реформски чекори и координација помеѓу државните институции и граѓанското општество, а е во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје и Министерството за европски прашања (МЕП). Состанокот е активност која е дел од регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ (WB Reform and Growth Monitor), што го спроведува ЕПИ во партнерство со членките на мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network – TEN) и Транспаренси Интернешнл Босна и Херцеговина. Проектот е финансиран од Европската унија и кофинансиран од Фондацијата Отворено Општество-Западен Балкан.