Тим

Simonida Kacarska
View Details

Симонида Кацарска

директорка
Simonida Kacarska

Симонида Кацарска

директорка
Симонида Кацарска е директорка на Институтот за европска политика – Скопје. Таа има докторирано во областа на политики и меѓународни студии од Универзитетот во Лидс (Обединетото Кралство), а има магистрирано во областа на европски политики на Европскиот институт во Сасекс (Обединетото Кралство). Симонида е една од основачките на ЕПИ, каде работи од 2011 година. Во периодот помеѓу 2005 и 2011, Симонида работеше во Секретаријатот за европски прашања во Владата на Република Македонија, во Одделот за правда, слобода и безбедност при секторот за интеграции. Таа била истражувачка соработничка на Централноевропскиот универзитет, Универзитетот во Оксфорд, Колеџот на Европа и во Универзитетот на Единбург. Таа била ангажирана и како експертка и консултантка за меѓународни организации (СнЕ и ОБСЕ). Симонида има истражувачко и праткично искуство поврзано со политичката трансформација и европската интеграција на балканските држави, со фокус на политиката на национални малцинства. На позицијата директорка во ЕПИ доаѓа во февруари 2017 година.
Ardita Abazi Imeri
View Details

Ардита Абази Имери

програмска координаторка
Ardita Abazi Imeri

Ардита Абази Имери

програмска координаторка
Aрдита Абази Имери е една од основачките на ЕПИ и работи во институтот од 2011 година. Таа има докторирано во Универзитетот "Св. Кирил и Методиј "- Институт за социолошки, политички и правни истражувања во областа заштита на потрошувачите и транспозиција на acquis communaitaire и има магистрирано на меѓународно, компаративно и европско право во Универзитетот Мастрихт (Мастрихт, Холандија). Во ЕПИ, Ардита е одговорна за севкупното стратешко планирање, мониторинг и евалуација на работата на ЕПИ. Таа е програмска координаторка во ЕПИ, одговорна за сите области. Во фокусот на нејзината работа се и владеење на правото, следење на пристапување во ЕУ, политиката за условеност,заштита на потрошувачите како и промовирање на политиките за социјална кохезија. Меѓу успешните проекти под нејзино раководство се проектите поврзани со реформата на јавната администрација (WeBER) како регионална грант менаџерка и реформите во областа на правосудниот сектор (Мрежа 23+, JuDGMeNT). Помеѓу 2008 и 2010 година работела во Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија, посебно за прашањата поврзани со внатрешниот пазар и секторските политики.
Julijana Karai
View Details

Јулијана Караи

постара истражувачка
Julijana Karai

Јулијана Караи

постара истражувачка
Јулијана Караи e магистер по европски студии на Универзитетот во Болоња и е член на Собранието на ЕПИ. Има работено во Секретаријатот за европски прашања во областа на политичките критериуми, поконкретно, демократија и владеење на правото, реформа на јавната администрација, децентрализација и борба против корупцијата, како и во Министерството за информатичко општество и администрација. Јулијана има сертификат за ТЕМПУС обучувач за европски прашања од Колеџот на Европа во Бриж, Белгија. Има работено како истражувач во регионалниот ИПА проект „Зајакнување на системите за национален интегритет во Западен Балкан и Турција и следење на развојот на антикорупциските напори", била раководител на ИПА проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ и консултант во рамките на Проектот на УНДП „Развој на иновативни решенија за подобар пристап до локалните услуги“.
Stefan Ristovski
View Details

Стефан Ристовски

истражувач
Stefan Ristovski

Стефан Ристовски

истражувач
Стефан Ристовски е истражувач во Институтот за европска политика - Скопје кој работи на следење на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и секторските политики на ЕУ. Неговата работа во ЕПИ ги опфаќа темите на економските реформи, регионалната соработка и интеграција, социјална безбедност и инклузија. Тој има искуство во приватниот сектор работејќи во индустријата за настани за усогласеност во животните науки и прекуграничната здравствена заштита. Стефан студирал европски економски студии на Колеџот на Европа и меѓународна трговија на Економскиот факултет - Скопје.
Angela Delevska
View Details

Ангела Делевска - Радевска

истражувачка и проектна менаџерка
Angela Delevska

Ангела Делевска - Радевска

истражувачка и проектна менаџерка
Ангела Делевска е истражувачка во Институтот за европска политика. Дипломирала политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”- Скопје, а моментално во ЕПИ работи на проекти во склоп на програмата за демократија и владеење на правото. Ангела е дел од тимот на ЕПИ од 2019 година.
Ardita Vejseli
View Details

Ардита Вејсели

истражувачка
Ardita Vejseli

Ардита Вејсели

истражувачка
Ардита Вејсели е истражувачка во Институтот за европска политика. Таа е магистерка по меѓународно право на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, а во моментов е во финална фаза на вторите магистерски студии по меѓународно право за човекови права на Универзитетот во Есекс во Обединетото Кралство, со Чевенинг стипендија. Ардита работи на различни проекти поврзани со човекови права, вклучително и спроведување теренски истражувања. Од ангажманот во ЕПИ во 2017 година, таа е активно вклучена во спроведувањето и организирањето на три Национални дебати според методот Deliberative Polling во Северна Македонија, организирани во соработка со универзитетот Стенфорд од САД. Таа е авторка и коавторка на неколку истражувања, и беше дел од втората генерација на проектот „EUth – Youth advocating in the EU” организиран од Civil Rights Defenders, што спроведуваше истражувања за правото на образование на младите сo попреченост, со кое има учествувано во неколку состаноци во Европски парламент. За време на нејзините магистерски студии на Универзитетот во Есекс беше активно вклучена во Единицата за дигитална верификација при Amnesty International. Ардита исто така беше членка на Младинскиот совет при Амбасадата на САД во Скопје.
Beba Zhagar
View Details

Беба Жагар

истражувачка
Beba Zhagar

Беба Жагар

истражувачка
Беба Жагар работи како истражувач во Институтот за европска политика, во програмата за демократија и владеење на правото. Во 2018 година, Беба дипломираше на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а две години подоцна магистрираше на насоката меѓународно право и односи и право на ЕУ на истиот факултет. Истовремено, во јули 2020 година, Беба магистрираше на напредната програма за меѓународно и европско право при Универзитетот во Гент (Белгија). Беба има практично искуство во невладини организации, државни институции, адвокатско друштво и друштво за консултантски услуги.
Fikrija Tair Selmani
View Details

Фикрија Таир-Селмани

истражувачка
Fikrija Tair Selmani

Фикрија Таир-Селмани

истражувачка
Kalina Dukovska
View Details

Калина Дуковска

помлада истражувачка
Kalina Dukovska

Калина Дуковска

помлада истражувачка
Vaska Ristovska
View Details

Васка Ристовска

административна службеничка
Vaska Ristovska

Васка Ристовска

административна службеничка
Васка Ристовска се придружи на тимот на ЕПИ во октомври 2014 година како административна службеничка. Оттогаш работи на финансиско и административно управување на неколку проекти, како и на развој на програмските активности на Институтот. Освен секојдневните активности кои обезбедуваат непречена имплементација на проектите, таа исто така обезбедува непречено управување и комуникација со проектните тимови и партнери на проекти. Васка има дипломирано на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј".
Dejan Ristovski
View Details

Дејан Ристовски

финансиски службеник
Dejan Ristovski

Дејан Ристовски

финансиски службеник
Дејан Ристовски е финансиски службеник во Институтот за европска политика. Тој дипомирал економија на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Во Институтот за европска политика е вработен од 2013 година. Тој работел на проекти финансирани од Европската Унија и други партнери. Дејан бил финансиски и административен службеник на проектот Мрежа 23, кој предвидувал шема за регрантирање. Од таа позиција, тој бил одговорен за подготовка на документите за регрантирање и следење на спровеувањето на шемата за регрантирање. Во Институтот за европска политика Дејан е одговорен за финансиското работење на организацијата, односно за плаќањата, финансиските извештаи, како и подготовка на документација за сметководство.
Naum Lokoski
View Details

Наум Локоски

лице за комуникации
Naum Lokoski

Наум Локоски

лице за комуникации
Наум Локоски е лице за комуникации во ЕПИ. Во 2015 година дипломирал на политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во моментов следи мастер програма по применета политика на истиот факултет. Како лице за комуникации, тој е одговорен за управувањето со веб страната и социјалните профили на ЕПИ. Неговите обврски вклучуваат пишување соопштенија, промовирање на наодите од истражувањата на ЕПИ, менаџирање на e-mail комуникацијата и следење на медиумското известување поврзано со организацијата. Тој помага во развивањето на организациската комуникациска стратегија, проектните комуникациски планови и го следи нивното спроведување. Наум, исто така, придонесува во изготвувањето на промотивните материјали, како фактографите, резимеата, инфографиците и видеата.