Примената на ПВР врз Законот за судови

Проектот трае од 1.01.2018 до 31.12.2018 и се спроведува во Скопје и трите други апелациони подрачја (Штип, Битола, Гостивар). Финансиската поддршка е 9.991 евра.

Цели на проектот:  Целта на проектот е да се унапреди приментата на проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во корпусот закони кои произлегуваат од Реформата на правосудството во Република Македонија. Да се препознае корисноста на ПВР алатката во процесот на донесување одлуки и да се унапреди квалитетот на процесот на донесување на одлуки заснован на докази и истражување.

Целни групи во рамки на проектот се:

  • ● Граѓански организации активни во следење и евалуација на јавни политики од областа на правосудството
  • ● Државни институции (Министерство за правда)
  • ● Здружение на судии на Република Македонија
  • ● Членови на работна група за поглавје 23 во рамки на НПАА структурата.

Како крајни корисници на проектот се идентификуваат државни службеници и судската служба кои директно работат на подготовка на законски решенија од областа на правосудството, медиумите кои имаат потреба од повеќе информации за содржината и влијанието на законските решенија и пошироката јавност која има директен интерес за квалитетно законодавство.

Резултати: Со имплементација на предвидениот проект, се предвидува постигнување на следниве три резултати

  • ● Зајакнување на соработката помеѓу судските институции и граѓанските организации во примената на ПВР
  • ● Придонес кон научниот дискурс за значењето на ПВР во подготовка на легислативата преку Законот за судови
  • ● Зајакната свест за значењето на ПВР преку промовирање на проектните резултати во јаноста.

Реализацијата на проектот ќе се спроведе во три фази

Подготвителна фаза

  • ● Анализа на постоечка регулатива и предлог измени на Законот за судовите и претходни препораки на Европксата комисија и Венецијанската комисија
  • ● Идентификување на примери на проценка на регулативата, имајќи го предвид и методолошкиот пристап на проектот ПВР во сенка

Истражувачка фаза

  • ● Организирање на 4 фокус групи и интервјуа со целните групи за примена на ПВР за Законот за судови (по една во секое апелационо подрачје)
  • ● Подготовка на студија за примената на ПВР врз Законот за судови

Комуникациска фаза

● Јавен настан во Скопје за промовирање на наодите од истражувањето.

Лица за контакт:

Александар Јованоски, проектен директор ([email protected]

Ива Цоневска, проектен менаџер ([email protected])

Post by epiadmin

Comments are closed.