Програми

Следење на ИПА: Зајакнување на парламентарната контрола врз фондовите на ЕУ во земјите од Западен Балкан

Во август 2013 година, ЕПИ во соработка со Фондацијата за демократија Вестминстер, започна со подготовка на Прирачник за парламентарна контрола врз користењето на фондовите на ИПА во земјите од Западен Балкан, учество на регионална конференција за претставување на Прирачникот и обезбедување обука за пратеници и за собраниски служби. Прирачникот обезбедува основни податоци за рамката на ИПА 2007-2013, детални информации за тоа како овие средства се управувани и се искористени. Исто така, овој документ обезбедува компаративна анализа на земјите од Западен Балкан во спроведувањето и во управувањето со ИПА-фондовите.

Прирачникот ги објасни и ги претстави новитетите во согласност со новата финансиска перспектива 2014-2020 и промените кои се наметнуваат со Регулативата за ИПА 2. На крај, документот содржи детален и емпириски дел за препораки наменети за парламентарците и за собраниските служби и методи за унапредување на парламентарниот надзор врз ИПА-фондовите.