Програми

Следење на ИПА: ИПАДАТА

Во рамките на овој проект, беше креирана интернет-алатка за мониторирање на користењето на фондовите на ИПА во Република Македонија, вклучувајќи и механизми за визуализација на податоците. Проектот успеа да го подигне интересот на пошироката јавност и на другите заинтересирани страни во искористеноста на ИПА. Дата-базата нуди механизам за вклучување на заинтересираните страни во следењето на искористеноста на ИПА на национално и на локално ниво, како и независни анализи и истражувања за фондовите на ИПА.

ИПАДАТА овозможува симнување на сите податоци во отворен формат и со тоа отворање на добиените информации кон јавноста. Претставува иновативна платформа за независна анализа на фондовите на ЕУ, вклучувајќи и неколку нивоа на параметри кои можат да бидат искористени при истражувањето. Базата ги вклучува националните придонеси (од државниот буџет, како и сопствени сретства) за да се добие појасна слика за финансиската конструкција на проектот. Проектите се системско референцирани и се поврзани со приоритетните оски и соодветните мерки како што се утврдени со оперативните програми за сите пет компоненти од ИПА.

Досега анализата на фондовите на ЕУ беше најчесто фокусирана на нивото на искористеност (апсорпција). ИПАДАТА нуди платформа за подлабока анализа за содржината на финансираните проекти, усогласеноста со националните и со реформските процеси на ЕУ, хоризонтална, квалитативна и квантитативна анализа на искористеноста на фондовите.

Анализа на искористеноста на фондовите на ЕУ (во согласност со добиените податоци од ИПАДАТА):

http://www.epi.org.mk/docs/analiza_za_iskoristuvanjeto_na_sredstvata_od_ipa.pdf