Програми

Следење на ИПА: ИПА 2 ПРАГ

Неформална група составена од локални организации за истражување и граѓански организации, иницираа предлог пред Секретаријатот за европски прашања за структуирано вклучување на НВО во процесот на програмирање на ИПА 2. Мрежата ја сочинуваат Екосвест, Аналитика, Македонскиот центар за европско образование, Центарот за граѓанска комуникација, Зенит, Фронт 24/12, Реактор и Институтот за европска политика (ЕПИ).

Од иницијативата произлезе неформално организирање на овие организации, предводени од Екосвет, кои со поддршка на УСАИД започнаа со реализација на заеднички проект ИПА 2 - ПРАГ (јануари – јуни 2014 година).

Една од целите на мрежата беше да се организира форум за консултација со другите НВО во Република Македонија и да се искористи нивното искуство и ангажман во изработка на коментари за Стратешкиот национален документ за ИПА 2014-2020. Овој форум се состана на 27 и на 28 февруари 2014 година во Охрид и беше посетен од 112 организации од Република Македонија. Организациите беа поделени во 7 различни работни групи кои одговараа на секторите претставени во Стратешкиот национален документ. ЕПИ беше задолжен за координирање на секторот 5 – Конкурентност и иновации. 13 претставници од граѓанскиот сектор беа избрани на избори да ги претставуваат интересите на нивните сектори пред државните институции.

Сите материјали кои беа дискутирани и усвоени на овој настан се достапни на: http://www.ekosvest.com.mk/mk/nastan.php?id=48