Програми

Acquis на ЕУ и секторски политики: Мапирање на ранливостите: Кои се повратниците и во колкава мера нивните потреби се разликуваат од оние на 'редовното' население?

Институтот за европска политика - Скопје (ЕПИ) во периодот од 1 февруари до 31 мај 2018 година го спроведе проектот „Мапирање на ранливостите: Кои се повратниците и во колкава мера нивните потреби се разликуваат од оние на 'редовното' население?“

Целта на проектот беше да се истражат дополнителни аспекти од ранливостите на повратниците во смисла на тоа со кои потешкотии и предизвици се соочуваат при враќањето во Република Македонија, но и какви планови имаат за во иднина. Покрај повратниците од ромската етничка заедница, фокусот беше ставен и на повратниците од албанската етничка заедница.

Ова истражување опфати спроведување на фокус групи со повратници, интервјуа со претставници од меѓународни и национални организации и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Проектот беше спроведен со поддршка на Светска Банка.

Буџет: 6.450 УСД