Програми

Acquis на ЕУ и секторски политики: Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво

Целта на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ е да се зголемат капацитетите на младите од Македонија за да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.

Во рамките на проектот се подготвува истражување за можностите и бариерите за претприемништво, вработување во приватниот сектор вклучувајќи и финансирање на нови бизниси. Во рамки на проектот се подготвува и подкастот „Skills that pay the bills“, едукативна програма, кампања за подигање на свесност и застапување и истражување за приликите при вработување.

Овој проект се спроведува во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).