Програми

Демократија и владеење на правото: Заедничка акција за итни реформи во судството

Институтот за европска политика - Скопје (ЕПИ), на 1 јуни 2017 година започна да го спроведува проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“, заедно со Институтот за човекови права (носител на проектот) и Македонското здружение на млади правници.

Општа цел на проектот е зајакнување на транспарентноста, отчетноста и професионалноста на органите на правосудството.

Специфични цели:

1. Зајакнување на структурниот мониторинг над реализацијата на итните реформски приоритети (ИРП) во правосудството;
2. Унапредување на јавната дебата за имплементирање на ИРП во правосудството, преку граѓанско застапување.

Главната подолгорочна корист на граѓаните и другите засегнати страни од оваа заедничка акција е олеснување на пристапот до независен, непристрасен и професионален суд. Заедничката акција ќе ја намали корупцијата во јавниот сектор, ќе ја врати довербата во судството и ќе го подобри квалитетот на животот на сите граѓани, приближувајќи ја државата кон побрзо членство во ЕУ.

Очекувани резултати:

Р.1. Утврдување на моменталниот статус и идентификување на клучните проблеми со кои се соочуваат институциите при реализација на ИРП.
Р.2. Воспоставен структурен мониторинг над реализацијата на ИРП во правосудството.
Р.3. Зајакната соработка помеѓу граѓанските организации и правосудните органи со цел реализирање на ИРП.
Р.4. Зголемена свест на општата јавност за потребите за спроведување на ИРП во провосудството.

Времетраење на проектот: 1.07.2017 - 1.07.2018

Буџет: 4530 USD

Донатор: Фондацијата отворено општество - Македонија