Програми

Демократија и владеење на правото: Граѓанска дебата за НАТО

Институтот за европска политика - Скопје (ЕПИ) на 1 август 2018 започна да го спроведува проектот „Граѓанска дебата за НАТО“, финансиран од Министерството за одбрана на Република Македонија.

Општата цел на проектот е да се придонесе кон пристапувањето во НАТО преку дебата базирана на докази и аргументи, која ќе го подобри разбирањето кај граѓаните за членството на Република Македонија во НАТО.

Активности:

А.1 Изработка на кратки документи за јавна политика
ЕПИ ќе објави повик за изработка на кратки документи за јавна политика за очекуваните ефектите од пристапувањето на Република Македонија во НАТО. Документите ќе треба да вклучуваат препораки или опции за политики, а истите ќе бидат презентирани на јавна дебата. Во рамките на овој повик е предвидена поддршка на 2 (две) истражувања.

А.2 Организирање на јавна дебата
По завршувањето на истражувањата, во декември 2018 година ќе биде организирана јавна дебата на која ќе бидат презентирани наодите од истражувањата. Покрај авторите, предвидено е учество на претставници од институции кои се поврзани со пристапувањето на Република Македонија во НАТО, како и пошироката јавност.

Времетраење на проектот: 1 август 2018 - 31 декември 2018

Буџет: 399.010 МКД

Донатор: Министерство за одбрана на Република Македонија