Програми

Пристапување во ЕУ - следење и застапување: Одредници за ЕУ реформи – колку се ефикасни? БЕНЧЕР

Институтот за европска политика, заедно со партнери од регионот, на 1 јануари 2017 година започнаа да го спроведуваа проектот „Одредници за ЕУ реформи - колку се ефикасни? БЕНЧЕР“. Целта на овој проект е да ја утврди ефикасноста на одредниците за членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан како поттик за имплементирање на реформи, но и придонес за подобрување на овој механизам.

Проектот ќе придонесе за споделување и пренесување знаења и искуства меѓу државите на Западниот Балкан. Дополнително ќе придонесе кон подобрување на регионалната соработка на организациите кои работат на интеграцијата во ЕУ, имајќи предвид дека партнерите кои учевствуваат во проектот ги претставуваат сите земји од регионот.  

Регионалните партнери се:

  • ● Центар за европски политики - Србија
  • ● Надворешно-политичка иницијатива БХ - Босна и Херцеговина
  • ● Група за правни и политички студии - Косово
  • ● Институт алтернатива - Црна Гора
  • ● Институт за демократија и медијација - Албанија

Проектот е финансиран од Европскиот фонд за балканот.

Одредници за ЕУ реформи – колку се ефикасни? БЕНЧЕР

Цел:

Утврдување на ефикасноста на одредниците за членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан и придонесување кон подобрување на овој механизам како поттик за ЕУ реформи во земјите од регионот.

  • Тематски области:
  • ● Европска интеграција
  • ● Пристапување кон ЕУ
  • ● Ефикасност на одредниците 

 

  • Активности:
  • ● Развивање на методологија за оценување на ефикасноста на механизмот на одредници;
  • ● Анализа на извештаите на ЕК2016;
  • ● Национални студии и оценка на ефикасноста на одбраните одредници и изработување на регионална компаративна анализа;
  • ● Национални настани, регионален настан и средби со националните претставници одговорни за координација на процесот на интеграција во ЕУ;
  • ● Средби за застапување со претставници на избрани земји- членки на ЕУ како и со претставници на делегациите на ЕУ во секоја земја. 

 

  • Клучни целни јавности:
  • a) Во ЕУ:
  • Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија; Министерства за надворешни работи во земјите членки на ЕУ. 
  • б) во Македонија:
  • Службеници во институциите задолжени за координација на процесот на интеграција во ЕУ; академците чија област на истражување е ЕУ проширувањето, грага́нски организации вклучени во процесот на ЕУ интеграција, како и пошироката јавност. 

 

  • Резултати:
  • ● Компаративен прегледна годишните извештаи на ЕК за 2016 година;
  • ● Развиена методологија за оценување на механизмот на одредници за ЕУ членство на земјите од Западен Балкан.
  • ● Студии за државите според избраните одредници;
  • ● Резиме на политики вклучувајќи и препораки за подобрување на механизмот на одредниците.