Програми

Acquis на ЕУ и секторски политики: Градење на следната генерација на младински лидери

Институтот за европска политика во соработка со Младинскиот образовен форум го спроедуваат проектот „Градење на следната генерација на младински лидери”. Проектот е финансиран од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE). Целта на проектот е поттикнување на младите лидери од Македонија за граѓанско учество и претприемачки активности, воедно и да ја зголеми информираноста на јавноста за клучните демократски и економски теми со кои се соочуваат младите во Македонија. CIPE во партнерство со Младинскиот образовен форум и Институтот за европска политика ќе имплементираат сеопфатна лидерска програма за да ја изградат новата генерација на млади претприемачки и граќански лидери. Партнерите ќе поддржуваат младите за истражување на институционалните фактори кои придонесуваат до невработеност на младите и од исклучување од процесот на креирање на политики.

Наодите од проектот ќе бидат споделени на тркалезна маса со присуство на засегнатите страни и преку медиумите.

Цели на проектот се:                                                                      

  • ● Поттикнување на младите лидери од Македонија за граѓанско учество и претприемачки активности.
  • ● Да се зголеми информираноста на јавноста за клучните демократски и економски теми со кои се соочуваат младите во Македонија.

Период на имплементација: 01.07.2016 – 31.06.2017