Програми

Acquis на ЕУ и секторски политики: RRPP: Центар за извонредност во креирањето на политиките на Западен Балкан (CEPS WeB)

Институтот за европска политика (ЕПИ) учествува во проект за формирање на Центар за извонредност во креирањето на политиките на Западен Балкан (CEPS WeB). Центарот ќе биде платформа за здружување на експертизата и капацитетите на организациите членки на мрежата Мисли за Европа (Think for Europe Network).

Целта на Центарот е да продуцира квалитетни регионални истражувања кои би служеле како основа за создавање на регионалните или националните јавни политики. Со ова би се постигнал унифициран пристап кон владините институции во регионот, како и координиран приод кон останатите регионални и меѓународни чинители.

Моделот на функционирање на Центарот ќе се утврдува преку интерактивни работилници од мрежата на организации, како и имплементирање на најдобрите практики од веќе постоечки регионални  и европски центри.

Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на Регионалната програма за унапредувaње на истражувањата во Западен Балкан .