Програми

Пристапување во ЕУ - следење и застапување: Национална дебата за ЕУ

Институтот за европска политика – ЕПИ (Скопје) во јули 2016 започна да го спроведува проектот „Национална дебата за ЕУ“. Овој проект е финансиран од програмата Цивика мобилитас и ќе се спроведува во времетраење од 18 месеци.

Во отсуство на национална дебата за Европската Унија, проектот ќе иницира инклузивен разговор со општествените чинители за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ. Овој проект ќе понуди модел на консултирање и информирање на експертите и пошироката јавност со кој ќе се придонесе за надминување на хроничниот недостаток на консултации и дебата, како и создавање на подлога за дебата темелена на аргументи и докази во однос на прашања поврзани со ЕУ.

Проектот предвидува вклучување на експертската, но и пошироката јавност во иновативна дебатна анкета, со цел подобро разбирање на придобивките и загубите за Република Македонија од процесот на пристапување во ЕУ. Од проектот се очекува да се зголеми соработка помеѓу граѓанските организации и властите во делот на создавање на јавните политики, притоа имајќи ги предвид проблемите, потребите и приоритетите на граѓаните.

Национална дебата за ЕУ

Во отсуство на национална дебата за Европската Унија, ЕПИ ќе иницира инклузивен разговор со општествените чинители за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ.  Овој проект е добитник на грант од Цивика мобилитас, како дел од акциските грантови за 2016 година.

Проектот „Национална дебата за ЕУ“ се обидува да го надмине проблемот од недостаток на јавна дебата која се темели на објективни и лесно разбирливи информации за ЕУ. Воедно, дебатата има за цел да ја вклучи јавноста во процесот на создавање на јавните политики во Република Македонија. Овој проект ќе понуди модел на консултирање и информирање на јавноста со кој ќе се придонесе за надминување на ваквите состојби во однос на хроничниот недостаток на консултации и дебата, како и специфичниот случај на немање суштествена дебата во однос на прашања поврзани со ЕУ.

Проектот предвидува вклучување на експертската, но и пошироката јавност во иновативна дебатна анкета, со цел подобро разбирање на придобивките и загубите за Република Македонија од процесот на пристапување во ЕУ. Од проектот се очекува да се зголеми соработка помеѓу граѓанските организации и властите во делот на создавање на јавните политики, притоа имајќи ги предвид проблемите, потребите и приоритетите на граѓаните.

Акциските грантови на Цивика мобилитас имаат за цел поддршка граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните цели и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните крајни целни групи преку јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност, како и влијание за постигнување позитивни општествени промени.

Проектот ќе започне да се имплементира од јуни 2016, а ќе заврши во јануари 2018.