Програми

Пристапување во ЕУ - следење и застапување: Проект за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество (WeBER)

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во партнерство со Центарот за европска политика (CEP) – Србија, од 01 јануари 2016 година започна да го спроведува проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество "WeBER (Western Balkans Enabling Project for Civil Society Monitoring of Public Administration Reform)”. Соработници на проектот се: Центарот за европска политика (Белгија),Институт Алтернатива (Црна Гора), Група за правни и политички студии (Косово), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Институтот за демократија и медијација (Албанија). Проектот ќе трае 2 години (до 01.01.2018 година) и е финансиран од Европската Унија. 

Цел на проектот: следење на реформите во јавната администрација, зголемување на релевантноста и капацитетот на граѓанските организации и медиуми во земјите од Западен Балкан, залагање за зголемено учество во креирањето и спроведувањето на реформите во јавната администрација.
 

Проект за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество (WeBER)

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во партнерство со Центарот за европска политика (CEP) – Србија, од 01 јануари 2016 година започна да го спроведува проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество "WeBER (Western Balkans Enabling Project for Civil Society Monitoring of Public Administration Reform)”. Соработници на проектот се: Центарот за европска политика (Белгија),Институт Алтернатива (Црна Гора), Група за правни и политички студии (Косово), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Институтот за демократија и медијација (Албанија). Проектот ќе трае 3 години (до 01.01.2019 година) и е финансиран од Европската Унија.

Цел на проектот: следење на реформите во јавната администрација, зголемување на релевантноста и капацитетот на граѓанските организации и медиуми во земјите од Западен Балкан, залагање за зголемено учество во креирањето и спроведувањето на реформите во јавната администрација.
 

Главните активности  на овој проект се:

- Развој и тестирање на методологијата за следење на реформите во јавната администрација (PAR Monitor) во рамките на еден партиципативен процес;
- Обука на граѓанските организации за примена на методологијата за следење на реформите во јавната администрација (PAR Monitor);
- Продуцирање и следење на национални и регионални извештаи;

- Создавање и функционирање на регионална платформа за консултации за реформите во јавната администрација и националното граѓанското општество;

- Вклучување во работните групи за раформа на јавната администрација со медиуми и владини претставници.

Очекувани резултати:

- Развиена и тестирана методологија за следење на реформите во јавната администрација (PAR Monitor);

- Развиена комуникациска стратегија наменета за невладините организации за следење на реформите во јавната администрација (PAR Monitor);

- Информираност на граѓански организации, медиуми и Владата за следење на реформите во јавната администрација и улогата на граѓанските организации во политиката на јавната администрација;
- Подобрени капацитети на граѓанските организации и медиумите за учество во реформите, преку креирање политики засновани на аргументи и застапување;
- Развиена регионална платформа за консултации меѓу граѓанските организации и локалните самоуправи;
- Оспособени локални граѓански организации, медиуми и обични граѓани за вклучување во следењето на реформите во јавната администрација и активно учество во процесот.

Проектот исто така ќе обезбеди мали грантови и обуки со цел да им овозможи на локалните граѓански организации и медиумите за нивен придонес во следењето на реформите во јавната администрација и воспостaвување воспоставување дијалог со локалните власти.