Програми

Демократија и владеење на правото: Следење и евалуација на владеењето на правото во Западен Балкан (МЕРЛИН ЗБ)

Проект: Следење и евалуација на владеењето на правото во Западен Балкан (МЕРЛИН ЗБ)

Донатор: Европски фонд за Балканот
Координатор на проектот: Институт за европска политика – Скопје

Партнери: Центар за безбедносни политики – Белград, Институт Алтернатива – Подгорица и ГОНГ – Хрватска.

Главна цел на проектот е воспоставување регионален координативен механизам за демократија и владеење на правото преку спроведување на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права и Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, во Македонија, Србија и Црна Гора.

Целта на активностите за застапување на јавни политики е утврдување на заедничка рамка на отворени прашања во врска со демократијата и владеењето на правото во регионот со вклучување на националните власти.

Очекувани резултати:

  • Развиена заедничка рамка за оценување на регионалните приоритети во однос на демократијата и владеењето на правото;
  • Развиен регионален механизам за споделување на искуства во спроведувањето на Поглавјата 23 и 24 преку координирање на постоечките регионални мрежи;
  • Подготвени документи за јавна политика кои треба да бидат презентирани пред засегнатите страни на регионално ниво.

Проектот се надградува на веќе постигнатите резултати на проектните партнери во следењето и еевалуацијата на јавните политики од Поглавјата 23 и 24. Додадената вредност на проектот се состои во воспоставувањето на координативен механизам, што ќе придонесе за зајакнување на капацитетите. Спроведувањето на проектот од четири партнерски организации ќе овозможи подготовка на три студии на случај на национално ниво и еден краток документ за јавна политика како компаративен преглед на состојбата во државите во однос на владеењето на правото. Сите проектни резултати ќе бидат достапни електронски и ќе бидат дисеминирани на три настани. Главните активности се поделени во три фази: подготовка, истражување на политики и застапување на јавни политики. Подготвителната фаза се однесува на идентификување на координативниот механизам помеѓу регионалните мрежи и организирање регионална работилница за насочување на координацијата. Фазата на истражување на јавните политики опфаќа подготвување на три студии на случај на национално ниво и еден краток документ за јавна политика. Последната фаза се однесува на дисеминирање на документите за јавна политика на прес конференции на национално ниво и еден завршен форум за јавни политики во Скопје.

Проектот ќе се спроведува во периодот 01.01.2016-31.12.2016 година. 

Проект: Следење и евалуација на владеењето на правото во Западен Балкан (МЕРЛИН ЗБ) Донатор: Европски фонд за Балканот
Координатор на проектот: Институт за европска политика – Скопје

Партнери: Центар за безбедносни политики – Белград, Институт Алтернатив

Следење и евалуација на владеењето на правото во Западен Балкан (МЕРЛИН ЗБ)