Програми

Демократија и владеење на правото: Мрежа 23 +

Мрежа 23 +

Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје, во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, на 1 јануари 2016 година започна да го спроведува проектот „Мрежа 23 +. Соработници на проектот се: Фондација Центар за модернизација на политиките – Софија, ГОНГ – Хрватска, Центарот за европска политика – Белград и Институтот Алтернатива – Подгорица. Проектот ќе трае 2 години (заклучно со 31 декември 2017 година) и е финансиран од Европската Унија преку ИПА инструментот за поддршка на граѓанското општество и медиумите - Програма за 2014 година.

Проектот има за цел: унапредување на капацитетите на граѓанските организации за истражување и застапување базирано врз докази и аргументи во областите покриени со Поглавјето 23 – правосудство и темелни права; вмрежување на национално и локално ниво; влијание врз процесот на донесување одлуки во областите покриени со Поглавјето 23 и вклучување на граѓаните во реформските процеси во Поглавјето 23. Дополнително, главаната цел на проектот е структуран придонес за вградување на принципот на владеењето на правото во Република Македонија, содржан во Поглавјето 23.

Активностите се поделени во три групи: Вклучување, Наоди и Влијание. За проширување на Мрежата во насока на зголемено влијание врз процесот на носење одлуки, проектот предвидува грантова шема за граѓански организации активни во областа. Во рамките на проектот, ќе бидат подготвени два извештаи во сенка за Поглавјето 23, два документи за јавна политика и месечни мониторинг извештаи. Активностите за застапување вклучуваат соработка со националните институции и одржување форуми за дискусија на јавни политики и конференција што се очекува да има пошироко влијание врз избраните учесници. Дополнително, предвидена е презентација на главните наоди од извештаите во сенка во Брисел и консултации со Делегацијата на ЕУ и од Директоратот за добрососедски односи и преговори за проширување. Посебен акцент ќе биде ставен на комуникациските активности со медиумите, вклучувајќи ги и социјалните медиуми, како и ангажирање на граѓаните во реформските процеси.

Очекувани резултати од проектот Мрежа 23 +:

  • Зајакнати капацитетите на граѓанските организации истражување базирано на докази и аргументи, следење, евалуација, застапување и вмрежување во областите покриени со Поглавје 23;
  • Придонес кон подобрување на партиципативниот модел на носење одлуки преку подготовка на извештаи во сенка и препораки за областите покриени со Поглавјето 23;
  • Зголемен ангажман на граѓаните во процесот на реформите во областа на правосудството и основните права, преку активностите на граѓанските организации,

Мрежа 23 +

Мрежа 23 +

Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје, во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, на 1 јануари 2016 година започна да го спроведува проектот „Мрежа 23 +. Соработници на проектот се: Фондација Центар за модернизација на политиките – Софија, ГОНГ – Хрватска, Центарот за европска политика – Белград и Институтот Алтернатива – Подгорица. Проектот ќе трае 2 години (заклучно со 31 декември 2017 година) и е финансиран од Европската Унија преку ИПА инструментот за поддршка на граѓанското општество и медиумите - Програма за 2014 година.

Проектот има за цел: унапредување на капацитетите на граѓанските организации за истражување и застапување базирано врз докази и аргументи во областите покриени со Поглавјето 23 – правосудство и темелни права; вмрежување на национално и локално ниво; влијание врз процесот на донесување одлуки во областите покриени со Поглавјето 23 и вклучување на граѓаните во реформските процеси во Поглавјето 23. Дополнително, главната цел на проектот е структуран придонес за вградување на принципот на владеењето на правото во Република Македонија, содржан во Поглавјето 23.