Програми

Acquis на ЕУ и секторски политики: RRPP: Ревизија на успешност и евалуација на политики: на ист или паралелен пат?

Држави опфатени со проектот: Србија, Македонија и Црна Гора Вклучени организации: 1. Центар за европски политики (ЦЕП),2. Институт за европска политика (ЕПИ) и 3. Институт Алтернатива (ИА) Проектен координатор: Милена Лазаревиќ (ЦЕП)

Контакт: milena.lazarevic@europeanpolicy.org

Веб страна: http://www.rrpp-westernbalkans.net

Краток опис: Истражувањето има за цел да ја анализира врската помеѓу ревизијата на успешност и евалуацијата на политики, донесувајќи заклучоци за нивната комплементарност и можностите за употреба на заклучоците од ревизијата за зајакнување на процесот на евалуација на политиките.

Следствено проектот има за цел да придонесе за унапредување на квалитетот на на донесување на политики во државите опфатени со истражувањето (Република Македонија, Република Србија и Црна Гора).

 

Главни цели:

• Анализа на врската помеѓу ревизијата на успешност и евалуацијата на политики; • Донесување на препораки за воведување на ефикасен и ефективен систем за евалуација на политики кој ги вклучува резултатите од ревизијата на успешноста. Следствено со тоа ќе придонесе за унапредување на принципите на  добро управување: одговорност, владеење на правото, транспарентност, ефикасност и ефективност.

Очеувани резултати:

• Објавување на резултатите на проектот и нивна промоција на регионална конференција на високо ниво; • Сеопфатна компаративна студија за врската помеѓу ревизијата на успешност и евалуацијата на политики,опфаќајќи проучување на случаите од ЕУ и трите избрани случаи; • Три policy briefs (на локалните јазици); • Промотивно видео; • Регионална конференција(Септември 2015, Белград); • Презентации/предавања на универзитети, како и во останати академски средини.

Времетраење: 12 месеци

Вредност: 125,775 CHF