Програми

Демократија и владеење на правото: Мрежа 23

Проектот „Мрежа 23“ има за цел да го унапреди влијанието на граѓанските организации во процесот на пристапување во Европската унија преку активно вклучување во следењето и евалуацијата на политиките и спроведувањето на законодавството на ЕУ, со фокус на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Проектот нуди унапредување на капацитетите на граѓанските организации преку формирање иновативни мрежи и партнерства за постигнување поголемо влијание врз клучните реформски процеси во земјата. Со проектот се обезбедува вопоставување соработка помеѓу граѓански организации кој дејстуваат на централно и локално ниво и реализација на грантова шема за избрани организации.

Очекувани резултати од проектот Мрежа 23:
- Формирана функционална мрежа од граѓански организации за следење и евалуација на политиките од Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права,
- Зајакнати капацитетите на граѓанските организации за следење и евалуација на политиките од Поглавјето 23,
- Подготвени спефицични препораки за унапредување на политиките и
- Зголемено познавање на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.

Проектните активности имаат за цел:
- Создавање структуирана координација помеѓу граѓанските организации за следење и евалуација на спроведувањето на законодавството од Поглавјето 23,
- Зајакнување на капацитетите на грѓанските организации за следење и евалуација на спроведувањето на политиките од Поглавјето 23 на локално и централно ниво,
- Влијание врз процесот на донесување одлуки преку координиран пристап на мрежата 23 и зголемување на јавната свест за значењето на Поглавјето 23 врз севкупниот процес на пристапување во ЕУ.
Проектот го спроведуваат: Институтот за европска политика - Скопје, како водечки партнер, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени - како партнери. Придружни партнери се: Европскиот институт од Софија, Центарот за европска политика – Белград и Институтот Алтернатива од Подгорица.

Следење на Итните реформски приоритети

Институтот за европска политика како главен координатор, во склоп на МАТРА проектот поддржан од Кралството Холандија во Република Македонија, започна со редовно следење на спроведувањето на Итните реформски приоритети и Политичкиот договор. Проектот ќе се спроведува во периодот 15.09-31.12.2015 година. Партнери на проектот се членките на Мрежа 23.

Проектот има за цел следење и застапување за спроведување на Итните реформски приоритети во Република Македонија, преку структуриран придонес на Мрежата. Дополнително, проектот придонесува за воспоставување на механизам за следење на спроведување на клучните реформи во државата, зголемување на капацитетите на граѓанските организации и влијание врз процесот на донесување одлуки во овој контекст. 

Клучни резултати од проектот се двонеделни мониторинг извештаи за спроведувањето на Итните реформски приоритети, вклучително и Политичкиот договор од јуни/јули; два документи за јавна политика како осврт на следењето на процесите и три форуми за јавна политика.