Програми

Пристапување во ЕУ - следење и застапување: Еврозум

Во ноември 2013 година, Делегацијата на Европската Унија преку програмата Broadcasting Europe, додели грант за продукција на нов циклус на емисијата Еврозум, посветен на процесот на пристапување во ЕУ на Република. Проектот се спроведува од страна на Евровижн (како главен апликант), продуцент на емисии поврзани со ЕУ, и Институтот за европска политика (ЕПИ) за експертиза во прашања на пристапувањето кон ЕУ и SEETV за своите објективни информации за прашања поврзани со ЕУ од Брисел.

Проектот започна со имплементација во јануари 2014 и ќе трае до јануари 2015 година.

Во новата ЕВРОЗУМ, фокусот е ставен на вистинското влијание на пристапните преговори, придобивките од членството и реформите потребни за да се постигне усогласеност со политиките на ЕУ.

Главните цели на проектот се: да се подобри разбирањето на граѓаните на влијанието, придобивките и предизвиците на преговорите за членство во ЕУ; да се поттикне јавната дебата за одредени прашања од пристапните преговори со ЕУ; и да придонесе за унапредување на слободата на изразување и независните медиуми, преку непристрасно и независно известување за прашања поврзани со пристапувањето. Проектот е конципиран за да се одговори на недостигот на знаењето на граѓаните за процесот на пристапување во ЕУ и да го премости јазот помеѓу посветеноста за пристапување и свеста за реалноста на процесот. Следствено на тоа, специфична цел на проектот е да се зголеми свеста на граѓаните и засегнатите субјекти на реформите кои произлегуваат од преговорите со ЕУ.

Целите ќе бидат остварени преку обезбедување резултати - 26 епизоди со одреден формат на ЕВРОЗУМ, исклучиво посветени на преговорите за пристапување. 

Eврозум се емитува на ТВ 24вести секоја недела во 19:15 часот и реприза секој петок од 12:30.