Детали за проект

Поттикнување одржлива реинтеграција на Роми повратници во Македонија

Овој проект се надоврзува на проектот „Справување со препреките за излез на Ромите од македонските граници“, кој беше спроведен во соработка со КХАМ од Делчево. Проектот ќе се фокусира на политиките и практиките кои се однесуваат на Ромите повратници, како и на нивните грижи и потреби. Проблемите за реинтегрирање на Ромите повратници во Македонија ќе бидат истражувани преку локални соработници од пет селектирани општини, кои ќе работат со семејства на повратници. Семејствата на повратниците на крај ќе добијат соодветни обуки за стекнување вештини, кои ќе им помогнат за идно вработување.

Очекуваниот исход од проектот е изработка на студија во која ќе се посочат постојните (не)соодветните политики, која понатаму ќе служи како основа за креирање предлог политики и активности за застапување, со цел постигнување одржлив процес на реинтеграција.

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Проектот „Поттикнување одржлива реинтеграција на Роми повратници во Македонија“ е финансиран од Тинк Тенк Фондот и Канцеларијата за ромски иницијативи при Фондацијата Отворено Општество.