Отворени повици

Соработник на проект на Национална дебата за ЕУ

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) има потреба од соработник на проектот Дебатна анкета: Национална дебата за ЕУ.[1] Позицијата предвидува полно работно време од 40 часа неделно. Предвидено е избраниот кандидат да започне со ангажманот од 1ви септември 2017 година. Предност ќе имаат кандидат(к)ите со работно искуство во невладина или меѓународна организација кои имаат искуство во спроведување и организирање на големи настани и работилници и кои покажуваат особен интерес во областа на европската политика.

Идеалниот кандидат треба да демонстрира флексибилност, достапност, соработливост како и да поседува исклучителни комуникациски и менаџерски вештини за управување со проекти. Со оглед на тоа што оваа позиција ќе игра клучна улога за успешноста на дебатниот настан, се бара целосна посветеност, способност да се менаџираат активности од различна природа и да се почитуваат кратки рокови. Дополнително кандидатот треба да поседува вештини за справување со ризици и способност за изнаоѓање на алтернативни решенија.  

Должностите вклучуваат:

Надворешна комуникација и координација:

Лицето кое ќе биде ангажирано ќе биде одговорно за комуникација и координација со следните странки:

  • ● Надворешни експерти за спроведување на дебатната анкета;
  • ● Заинтересирани граѓани за учество во националниот дебатен настан за придобивките и загубите на Македонија од пристапувањето во ЕУ;
  • ● Модератори на групите за дискусија за време на националниот дебатен настан;
  • ● Експерти и панелисти вклучени во пленарните сесии на националниот дебатен настан;
  • ● Лица кои ќе бидат одговорни за видео документација и пренесување на настанот;
  • ● Дизајнерот и лицата кои ќе ги подготвуваат материјалите за националниот дебатен настан;
  • ● Обезбедување сместувачки капацитети за учесниците на настанот;
  • ● Обезбедување на превоз за експертите/учесниците.

 

Проектна координација и интерна комуникација

  • ● Планирање, менаџирање и надгледување на квалитетот имплементацијата на проектните активности;
  • ● Поддршка во подготовката на сите материјали за дисеминација; материјали за надворешна презентација итн;
  • ● Надгледување на трошоците и буџетот за изведување на проектните активности;
  • ● Соработка и координација со изведувачи и партнери за надгледување на трошоците, ресурсите и грантовите;
  • ● Одржување комуникација со донаторите;
  • ● Надгледување и осигурување на прогресот, квалитетот и перформансот на сите проектни активности;  
  • ● Во соработка со лицето одговорно за комуникации од ЕПИ, организирање на брифинг настан за медиумите пред почетокот на националниот дебатен настан;
  • ● Во соработка со лицето одговорно за комуникации од ЕПИ, подготовка на кратки дописи за медиуми за известување на активности поврзани со националниот дебатен настан.

 

Квалификации и искуство

  • ● Завршени додипломски студии во право, економија или политички науки;
  • ● Завршени постдипломскистудии во областа на право, економија или политички науки. Политички науки се сметаат за предност;
  • ● Три години релеватно работно искуство кое вклучува спроведување на проекти;
  • ● Одлични вештини за проектен менаџмент;
  • ● Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint;
  • ● Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • ● Одлични комуникациски вештини, способност и самодоверба за комуникација со релеватни странки;
  • ● Одлични вештини за пишување;
  • ● Презентациски вештини и способност да се обезбедат концизни и кохерентни информации за сите проектни активности;
  • ● Знаење од областа на европска интеграцијa; европска политика;
  • ● Способност за тимска работа во динамична средина.

 

За пријавување доставете ги следниве документи:

  • ● CV – биографија не подолга од 2 страни (на англиски јазик)
  • ● Мотивациско писмо (на македонски јазик или англиски јазик, но не повеќе од 750 зборови)
  • ● 2 препораки од претходни работодавачи (предност)

Подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на contact@epi.org.mk и vaska.ristovska@epi.org.mk со предмет Соработник на проект ЕУ национална дебата.

 

Рокот за пријавување е недела, 13 август, 2017. Кандидат(к)ите кои ќе бидат селектирани ќе бидат повикани на тестирање и интервју за што ќе бидат известени најдоцна една недела по завршување на рокот за пријавување.

 


[1] За повеќе информации за проектот тука: http://epi.org.mk/projects_mk.php?prog_id=23