Новости

Прва работилница во рамки на проектот „Дијалози за Визија“

Во рамки на проектот Дијалози за Визија поддржан од Британската амбасада во Скопје кој го спроведува ЕПИ, во јули 2015 година се одржа работилницата „Македонскиот институционален контекст и Проценка на влијание на регулативата“. Целта на оваа работилница беше да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за идентификување на македонските институции, како и комуницирање и застапување на политики. Преку работа во групи, учесниците идентификуваа институции за истражување и застапување во нивното поле на работа, се запознаа со основните процеси, постапки и практики на македонските институции, како и со методологијата за проценка на влијание на регулативата.