Новости

Влијанието на Турција врз евроинтеграцискиот процес на Западен Балкан

Настанот имаше за цел да иницира дебата за тоа како различните модалитети на интеграција применети од ЕУ, влијаат на процесот на пристапување кон ЕУ на земјите од Западен Балкан. Особен осврт ќе беше даден на влијанието и значењето на евроинтегративниот процес на Турција. 

Главни дискутанти на дебатата беа професорка од Шабанци Универзитетот од Истанбул - Проф. Д-р Мелтем Муфтулер-Бач и директорката на ЕПИ, Д-р Малинка Ристевска Јорданова. 

Дебатата е дел од проектот „Максимизирање на интеграцискиот капацитет на Европската Унија“ во кој БЦСДН е партнер заедно со 8 видни академски институции. Целта на проектот е да овозможи засилена соработка помеѓу академските и одговорните институции во однос на темите поврзани со тековните и идни проширувања на ЕУ.