Новости

Прирачник за инструментот за претпристапна помош и парламентарниот надзор

Прирачник за инструментот за претпристапна помош и парламентарниот надзор

Целта на овој прирачник е да им помогне на пратениците и парламентарните служби во разбирањето на концептот на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и да го поттикне нивното вклучување во вршењето на надзорната улога на парламентот врз ИПА.

Првиот дел од прирачникот содржи најнови информации за тековниот статус на ИПА по корисници, постигнатиот напредок и нивото на усогласеност со acquis на ЕУ , како и преглед на статусот на земјите во регионот во однос на ИПА. Дополнително, објаснети се новините кои се воведуваат со Регулативата ИПА 2014-2020.

 

Вториот дел од прирачникот се фокусира на парламентарната контрола врз фондовите од ЕУ/ИПА од парламентите во регионот на Западниот Балкан. Парламентарната контрола врз користењето на ИПА (како дел од контролата врз целокупното трошење на јавните средства), иако не е наведена прецизно како контролен механизам во Регулативата за ИПА, доби на значење со влезот на сила на Лисабонскиот договор во 2009 година и усвојувањето на Програмата „Европа 2020“. Постоечкиот тренд во ЕУ е кон инволвирање и зголемување на улогата на законодавната власт во целокупната контрола врз извршната власт, вклучително и трошењето на фондовите од ЕУ. 

Линк: http://www.npcbalkan.net/doc/Toolkit_MK.pdf