Новости

Тркалезна маса: МК-ЕУ која е стратегијата?

Тркалезна маса: МК-ЕУ која е стратегијата?

 

Институтот за европска политика (ЕПИ) по повод објавувањето на овогодишниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија организира експертска тркалезна маса. Тркалезната маса ќе се одржи во среда 30 октомври 2013 година во Сити Хол центарот во Скопје од 9.30 до 12 часот. Воведниот говор на тркалезната маса ќе го даде заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими и директорот на ЕПИ, д-р Малинка Ристевска Јорданова.

Втората сесија е планирана за експертски осврт од членовите на ЕПИНЕТ (мрежа на млади експерти кои своите постдипломски студии ги завршиле во земјите членки на Европската Унија). 

 

фото албум: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.526263320798797.1073741826.100751933349940&type=1

  • Нацрт дневен ред Тркалезна маса: МК-ЕУ која е стратегијата? [.pdf 843KB]
  • Првична анализа на Извештајот на ЕК за напредокот на РМ за 2013 година [.pdf 1468KB]