Новости

за ИПАДАТА

за ИПАДАТА

Методологија

Извори на податоци

 

 

 

 

Внесени се сите проекти на ИПА во Македонија од јавно достапните податоци на:

за кофинансирање сметани се суми со учество на ЕУ од 85% + 15% од Република Македонија

Основна единица на внес беше склучен договор.

Сите податоци се од официјално објавени информации, не добивме дополнителни информации од Делегацијата на Европската Комисија иако побаравме.

Регионални и хоризонтални програми не се внесени бидејќ фокусот е на средствата од ИПА за Република Македонија

 
Статус на проект

Проектите се распределени во следниве категории:

  • Отворен повик. Во „Отворен повик“ е земен и периодот на постапката за тендерирање сè до склучувањето на договор.
  • Проект во тек. „Проект во тек“ е проект за кој е започнато спроведувањето на договорот, сè до официјалното затворање.
  • Завршен проект. По добивањето на информација за завршување на проектот од надлежната институција , тој се категоризира како „завршен проект“.
 
Цели

Со изработката на оваа апликација, сакаме да придонесеме:

  • на јавноста, на едноставен начин, да ѝ се дадат објективни и постојано ажурирани информации за користењето на средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија;
  • Собранието да го унапреди надзорот врз програмирањето и користењето на средствата од ИПА и од националното кофинансирање;
  • да се унапреди транспарентноста и извештајноста на владините тела во врска со користењето на ИПА;
  • за подобро програмирање на идните средства од овој инструмент;
  • за структуирано вклучување на цивилното општество и во програмирањето и во надзорот над спроведувањето;
  • академската заедница и експертите да имаат расположиви податоци за издржани и продлабочени истражувања и препораки.

Проектот го реализира Институтот за европска политика – Скопје во партнерство со Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, со поддршка на грант од Балканската фондација за демократија.