Новости

Промовирана збирката на студии "Искористеноста на фондовите на ЕУ во Република Македонија"

Промовирана збирката на студии "Искористеноста на фондовите на ЕУ во Република Македонија"

Збирката на студии  "Искористеноста на фондовите на ЕУ во Република Македонија" беше изработена во текот на 2012 година како резултат на соработка помеѓу Националниот совет за евроинтеграции и Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје, поддржана од фондацијата Фридрих Еберт.

Во збирката на студии се нудат пет поединечни анализи на случај за секоја компонента од ИПА и една воведна анализа за значењето на апсорпцискиот капацитет во искористеноста на ЕУ фондовите. 

Оваа публикација за прв пат беше промовирана на јавна расправа организирана од НСЕИ. По добиените мислења и коментари, ЕПИ пристапи кон дополнување на оваа студија. 

Се надеваме дека ова претставува придонес кон истражувачките напори во Република Македонија од страна на граѓанскиот и експертски сектор. 

  • Користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија [.pdf 3098KB]