Новости

Конференција "Вградување на знаењето за ЕУ"

 

Конференцијата е дел од проектот “Вградување на знаењето за ЕУ” поддржан од Британската амбасада во Република Македонија. Изминативе три месеци активно се работеше на формирање на иновативна платформа составена од млади експерти како оригинален и нов домашен ресурс на ЕУ еспертиза. Членовите на неформалната своите постдипломски, специјалистички или докторски студии ги завршиле надвор од земјата во земјите членки на ЕУ. Мрежата ја сочинуваат членови од повеќе алумни асоцијации во Република Македонија: FCO на Британска амбасада, NUFFIC од Амбасадата на Кралството Холандија, DAAD на Германската и алумнистите од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Дел од нив биле и стипендисти на Владата на Република Македонија во периодот 2001-2011.

Конференцијата ќе биде искористена за промовирање на Збирката на документи за јавна политика која е подготвена од страна на членовите на мрежата. Темите кои се опфатени во збирката се однесуваат на хоризонтални прашања поврзани со процесот на пристапување на РМ, исполнувањето на политичките критериуми за членство, како и анализа на степенот на усогласување со секториските политики на Унијата. Ќе се презентира и Анализа за расположивата експертиза за политиките на ЕУ во РМ, подготвена врз основа на анкета на целната група на проектот.

  • Дневен ред "Вградување на знаењето за ЕУ" [.pdf 716KB]
  • ЕПИНЕТ - Збирка на документи за јавна политика [.pdf 2206KB]
  • Извршно резиме на Збирката на документи за јавна политика - ЕПИНЕТ [.pdf 1028KB]
  • Анализа на расположлива ЕУ експертиза во Република Македонија [.pdf 924KB]