Новости

Прес конференција на ЕПИ за програмата за следење на ЕУ фондовите во РМ

Прес конференција на ЕПИ за програмата за следење на ЕУ фондовите во РМ

 

Целта ќе биде информирање за спроведените активности во повеќегодишната Програма на ЕПИ за мониторирање на ЕУ фондовите во Република Македонија.
Активностите се реализирани во рамки на повеќе тековни проекти. Ќе се даде сублимиран приказ за наодите од реализацијата на проектите, тековен пресек, како и планирани активности за 2013 година.

На прес-конференција ќе биде промовирана студијата Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија поддржана од Европскиот фонд за Балканот, во рамки на нивната програма Think and Link 2012.

Потоа, ќе се изврши промоција на документот за јавна политика Користењето на ИПА фондовите во Република Македонија – како до зголемена ефикасност и ефективност? поддржан од Фридрих Еберт Фондација – Скопје.

На крај ќе се промовира новиот проект на ЕПИ ИПА дата поддржан од Балканскиот фонд за демократија. Ќе се направи осврт на планираните активности и очекуваните резултати од спроведувањето на проектот.

  • Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија [.pdf 2115KB]
  • Користење на ИПА фондовите во Република Македонија - како до зголемена ефикасност и ефективност? [.pdf 1876KB]