Новости

Работилница за учесниците во рамки на проектот "Вградување на знаењето за ЕУ"

Работилница за учесниците во рамки на проектот "Вградување на знаењето за ЕУ"

Првата активност од проектот "Вградување на знаењето за ЕУ" ќе се реализира од 22 до 24 февруари 2013 година со организирање на првата работилница за учесниците во проектот. 

На работилницата ќе се дискутираат насоките и целите за развој на неформалната мрежа на млади македонски експерти од областа на ЕУ политиките и процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ. Ќе се постават неколку клучни прашања, и тоа Што сакаме?Кои сме, што можеме? и Што ќе направиме и како? Модератори на настанот ќе бидат г-ѓа Неда Малеска Сачмароска и г. Сашо Клекоски. 

На учесниците ќе им бидат понудени и тимбилдинг вежби и работа во групи. Врз основ на оваа работилница, ќе се пристапи кон утврдување на приоритетни области за кои понатаму во проектот ќе се пристапи кон подготовки на анализи, документи на политика, коментари, итн. 

По завршувањето на работилницата, ќе се организира информативен настан во Скопје за кандидатите кои не се во можност да присуствуваат на работилницата.