Новости

Тркалезна маса "Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во РМ"

 

 

 

Институтот за европска политика на 21.02.2013 (четврток) година во хотел Александар Палас со почеток во 10.00 часот ќе организира тркалезна маса на тема Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија. Проектот е дел од Програмата на ЕПИ за следење на користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија и е финансиран е од Европскиот фонд за Балканот.
Во рамките на проектот спроведено е компаративно истражување на практиките на парламентарен надзор врз користењето на средствата на ИПА во држави од регионот – нови членки на ЕУ или пристапнички: Словенија, Бугарија, Хрватска и Македонија.Повод за дискусијата на тркалезната маса ќе бидат наодите од компаративното истражување. Ќе се настојува да се согледаат и презентираат најдобрите практики и да се дадат најсоодветни препораки за развојот на парламентарниот надзор над користењето на средствата од фондовите на ЕУ.
На тркалезната маса се поканети гости кои одблизу го следеле и следат развојот на парламентарниот надзор, вклучително и инструментот за претпристапна помош на ЕУ. По презентацијата на истражувањето, со почеток во 11.15 часот свое обраќање ќе имаат г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања (Собрание на РМ), г. Горан Мисовски, потпретседател на Комисијата за финансирање и буџет (Собрание на РМ), проф. д-р Димитар Мирчев, член на Националниот совет за евроинтеграции и советник на претседателот на РМ, м-р Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за европски прашања, г. Јован Манасијевски, поранешен претседател на Комисијата за финансирање и буџет (Собрание на РМ), доц. д-р Каролина Ристова Астеруд, поранешен претседател на Комисијата за европски прашања (Собрание на РМ) и м-р Билјана Стојаноска, истражувач во областа на ЕУ фондовите од Институтот за европска политика (ЕПИ).
  • извршно резиме "Enhancing Parliamentary Scrutiny Over the use of EU Funds" [.pdf 1116KB]
  • извршно резиме "Зајакнување на парламентарната контрола врз ЕУ фондовите во РМ" [.pdf 1427KB]