Новости

„Вградување на знаењето за ЕУ“ (Embedding EU expertise)

„Вградување на знаењето за ЕУ“ (Embedding EU expertise)

Институтот за европска политика (ЕПИ) започнува со реализација на нов проект „Вградување на знаењето за ЕУ“ (Embedding EU expertise) поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото кралство (Британска амбасада во Република Македонија). Овој проект произлегува од потребата за создавање на експертиза за предизвиците кои ги наметнува процесот на пристапување во ЕУ.

Значителен број на млади експерти од Република Македонија своите постипломски студии ги завршија надвор од земјата. Меѓународни донатори (држави членки на ЕУ, фондации, итн) доделија повеќе грантови за стипендирање на кандидати за специјализации, магистерски и докторски студии за области поврзани со демократизација или тематски области на ЕУ (внатрешен пазар, правда, слобода и безбедност, регионална политика, социјална политика, економски и финансиски прашања, итн).

И покрај претпоставката дека овие млади експерти ќе бидат апсорбирани од страна на државните институции, сегашната ситуација покажува дека многумина не се искористени во процесот на пристапување во ЕУ. Покрај препораките дека земјата треба да ги искористи сите свои потенцијали за придвижување на процесот и очигледната потреба за експертиза за унапредување на процесот на донесување на одлуки (пр. проценка на влијанието на регулативата), постоечките експертски потенцијали сѐ уште не се искористени. Иако овие млади експерти се во можност и имаат волја да придонесат кон европската визија на својата земја, повеќето од нив се воздржани да влезат во поларизираната политичка средина во Македонија. Ова е особено е, бидејќи расположливата ЕУ експертиза ги надминува етничките, родовите и политичките линии.

Алумни асоцијациите се единствената опција за одржување на контактите помеѓу нив, но сепак тоа е ограничено на одреден круг. Одредени граѓански организации и тинк тенкови од Македонија вложуваат напори за ангажирање на младите експерти. Сепак, недостига сеопфатен и структуиран пристап за нивно анимирање. За таа цел, овој проект иницира формирање на иновативна платформа составена од млади експерти како оригинален и нов домашен ресурс на еспертиза.

Цел на проектот е формирање на неформална мрежа (pool of excellence) од македонски експерти кои ги завршиле своите постдипломски студии надвор од земјата во областа на ЕУ законодавство. Очекувани резултати од проектот се:

-        Формирана и активна мрежа од околу 60 ЕУ експерти (55-60 млади експерти)

-        Објавување на ставови, документи за политика и други анализи од страна на

Избрани експерти на различни тематски области од ЕУ и со тоа придонес кон

диверзификација на јавната дебата во РМ (најмалку 10 објавени документи за политика)

-       Гап анализа на тековната ЕУ експертиза во земјата.