Новости

Отпочнување на прокетот ИПА Дата

Отпочнување на прокетот ИПА Дата

ИПА дата

ЕПИ преку спроведување на проектот ИПА Дата, во рамки на грантот доделен од Балканскиот фонд за демократија (Balkan Trust for Democracy), има за цел да воспостави структуиран и незавизен механизам за документирање на сите документи и процеси поврзани со реализацијата на ИПА фондовите во Република Македонија. Овој механизам ќе биде достапен за пошироката јавност и специфични заинтересирани страни. Фокусот ќе биде токму на искористеноста на ЕУ фондовите во процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ. Ќе бидат искористени техники за визуелизација на сите податоци кои ќе бидат достапни на посебна интернет страна. 

Цели на проектот се: 

1. Да се направат информациите за искористеноста на ЕУ фондовите достапни и разбирливи за пошироката јавност, 

2. Да се обезбеди поширок круг на учество на заинтересираните страни и крајните корисници во следењето и евалуацијата на ИПА фондовите,

3. Да им се овозможи на граѓанските организации простор за застапување пред надлежните институции за користењето на ИПА фондовите,

4. Да се стимулира академско истражување за ефикасноста и ефективноста на ИПА фондовите во Македонија,

5. Да се придонесе кон зголемување на транспарентноста во користењето на ЕУ фондовите во Македонија.

Времетраење на проект: 12 месеци