Новости

„Пристапувањето во ЕУ: која е улогата на граѓанските организации?“

 

Цел на оваа работилница е да се овозможи плодна и стручна дискусија за обезбедување поголема вклученост на граѓанското општество (ГО) во пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи го и подобрувањето на капацитетите на ГО за користењето на фондовите на Европската унија. Работилницата ќе овозможи дебата со меѓународни говорници, со посебен акцент на начините за овозможување на заеднички акции и делување на ГО и релевантните чинители од регионот во процесот на преговори и користењето на структурните и кохезиските фондови на Европската унија (ЕУ).

Работилницата се состои од три панела. На првиот ќе се дискутира за искуствата од активното вклучување на граѓанските организации во преговорите за членство во ЕУ во земјите од регионот. Во светлото на регионалните искуства, на вториот панел ќе се разговара за конкретните можности за вклучување на организациите во Пристапниот дијалог на високо ниво и идните преговори на Македонија. Третиот панел има информативна улога и се однесува на споделување на информации и искуство за тоа како граѓанските организации можат да ги користат европските фондови. Во таа насока, ќе стане збор за досегашните искуства и предизвиците кои граѓанските организации ги имаат во процесот на аплицирање и работа со фондовите на ЕУ, како и остварувањето на нивното влијание врз програмирањето и мониторингот на реализација на фондовите.  

На настанот ќе учествуваат претставници од граѓанските организации од Македонија и регионот, владини претставници, како и останатите општествени чинители, вклучени во процесот на пристапување во ЕУ.     

 

  • Дневен ред-Пристапувањето кон ЕУ_улогата на ГО [.pdf 642KB]
  • Линк: https://www.facebook.com/events/146528452167081/