Новости

ЕПИ – дел од мрежата на Европската комисија за недискриминација и родова еднаквост

ЕПИ – дел од мрежата на Европската комисија за недискриминација и родова еднаквост

Од јануари 2019 година, во партнерство со Универзитот во УтрехтMigration Policy Group и Human European Consultancy, Институтот за европска политика, преку истражувачката координаторка Билјана Котевска, учествува во работата на мрежата на Европската комисија "Европска мрежа на правни експерти за родова еднаквост и недискриминација”.

Оваа мрежа работи на следење на усогласеноста на домашното законодавство за недискриминација и родова еднаквост со Европското acquis во сите земји членки на ЕУ, ЕФТА земјите и во земјите-кандидатки. Дел од задачите на мрежата е и да ја советува Европската комисија за прашања што спаѓаат во нејзиниот опег на работа. Котевска е членка на мрежата од 2011 година.

Во декември 2018 година овој конзорциум беше повторно избран од Европската комисија за да ја води оваа мрежа во наредните три години.