Новости

Помеѓу фактите и фикцијата – што ќе донесе интеграцијата на Македонија во НАТО?

Помеѓу фактите и фикцијата – што ќе донесе интеграцијата на Македонија во НАТО?

 

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) има чест да ве покани да учествувате на презентацијата на две истражувања, кои ги анализираат ефектите од членството на Македонија во НАТО. Настанот ќе се одржи на 7 декември во хотелот Холидеј Ин, а регистрацијата започнува во 9:30. Истражувањата на г-а Ивана Велковска и г. Тимурленк Чековиќ се изработени во рамките на проектот „Граѓанска дебата за НАТО“, финансиран од Министерството за одбрана на Република Македонија.

Во истражувањата се анализираат повеќе ефекти кои ќе ги предизвика пристапувањето на државата во НАТО, меѓу кои и ефектите врз безбедноста на државата, економскиот развој и развојот на цивилниот сектор. На настанот ќе присуствува и министерката за одбрана, г-а Радмила Шекеринска, а со свој коментар на истражувањата ќе се обратат и вон. проф. д-р Југослав Ачкоски од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија. По презентацијата на истражувањата ќе се отвори дискусија.

На линкот се наоѓа дневниот ред на настанот. Ве замолуваме да го потврдите вашето присуство до среда, 5 декември, на линкот: https://goo.gl/forms/2GwK3suCmhfLRDc82.

Проектот „Граѓанска дебата за НАТО“ е финансиран од Министерството за одбрана. Општата цел на проектот е да се придонесе кон пристапувањето во НАТО преку дебата базирана на докази и аргументи, која ќе го подобри разбирањето кај граѓаните за членството на Република Македонија во НАТО.

  • Дневен ред - Презентација на истражувања за ефектите од пристапувањето во НАТО [.pdf 613KB]
  • Нацрт истражување: Економските придобивки и предизвици од членството во НАТО [.pdf 1162KB]
  • Нацрт истражување: Повеќедимензионалните придобивки и ефекти од пристапување кон НАТО [.pdf 1569KB]