Новости

Национален извештај од следењето на реформата на јавната администрација

Национален извештај од следењето на реформата на јавната администрација

 

Во име на регионалната мрежа Think for Europe Network и на Институтот за европска политика, почестени сме да Ве поканиме на завршниот настан во рамки на проектот ВеБЕР - Проект за создавање овозможувачка околина во земјите од Западниот Балкан за следење на реформите на јавната администрација од страна на граѓанско општество.

На овој настан ќе се презентираат националните наоди, со фокус на граѓанското општество и неговата улога во следењето и поддршката на реформите во јавната администрација во Република Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ. На едно место ќе бидат собрани клучните чинители за да се оствари дијалог со релевантните институции за создавање на подобра администрација. Конференцијата ќе служи и за претставување и дискутирање на првиот Национален извештај од следењето на РЈА.

Конференцијата ќе се одржи на 27 ноември 2018 година во Скопје, во просториите на Јавна соба, со почеток во 9 часот. Ве молиме потврдете го вашето присуство до петок, 23 ноември, на формата за регистрација на линкот: https://goo.gl/forms/6ewzyFc3f4nEVbdF2. За подетални информации, обратете се на contact@epi.org.mk или на 02  3280 100.

Нацрт-дневниот се наоѓа на линкот.

За проектот

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во партнерство со Центарот за европска политика (CEP) – Србија, од 1 јануари 2016 година започна да го спроведува проектот за создавање овозможувачка околина во земјите од Западниот Балкан за следење на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество. Соработници на проектот се: Центарот за европска политика (Белгија), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Групата за правни и политички студии (Косово), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Институтот за демократија и медијација (Албанија). Проектот е финансиран од страна на ЕУ, ко-финансиран од Кралството Холандија, а има за цел да ја зголеми важноста, учеството и капацитетот на граѓанските организации и медиумите во Западниот Балкан со цел тие да се залагаат и влијаат врз создавањето и спроведувањето на реформите во јавната администрација (РЈА). Проектот ВеБЕР беше признаен како пример за најуспешна практика во регионот на неодамнешната Евалуација на регионалната програма на ЕУ за граѓански општества.

  • Нацрт-дневен ред за презентација на Национален извештај за РЈА - WeBER [.pdf 271KB]