Новости

Избор на член во Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Избор на член во Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

 

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во октомври 2018 година отвори оглас за избор на еден член за областа „ЕУ интеграции и политики“. Имајќи ја предвид важноста на успешна координација и соработка на граѓанските организации во постигнување на ефективни евроинтеграциските политики, ве известуваме дека директорката на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), д-р Симонида Кацарска, се пријави на огласот.

Ги повикуваме граѓанските организации кои според нивниот статут работат во областите „ЕУ интеграции и политики“ да го остварат своето право на глас, со цел избор на член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

Гласањето се врши со поднесување на тековната состојба на организацијата и пополнет образец за гласање, на адресата nvosorabotka@gs.gov.mk. Рокот за гласање е до 23.11.2018 година. Целосниот извештај за пријавени организации и кандидати за член, како и образецот за гласање можете да ги најдете на следниот линк:  https://www.nvosorabotka.gov.mk/?q=node/134

На линкот можете да го најдете мотивационото писмо и кратката биографија на д-р Кацарска.