Новости

Какви ефекти ќе предизвикаат измените во Законот за судови?

Какви ефекти ќе предизвикаат измените во Законот за судови?

 

Институтот за европска политика во Штип одржа фокус група со судии од штипското апелационо подрачје, со цел утврдување на проблемите во работењето на судовите во Република Македонија. Настанот се одржа на 10 октомври 2018 година.

Покрај утврдувањето на клучните проблеми во работењето на судовите, тема на фокус групата беше предвидување на ефектите кои ќе ги предизвикаат измените во Законот за судовите за кои во моментов се дискутира, како и предлагање на подобри алтернативи за измени на законот.

Одржаната фокус група е прва од четирите фокус групи кои се планирани да се одржат во сите апелациони подрачја во Македонија.

Активноста се спроведува во рамки на проектот Примена на ПВР врз Законот за судови, поддржан од Institute for Democracy 'Societas Civilis' Skopje и Center for Economic Analyses - CEA, финансиран од Европската Унија. Повеќе информации: http://epi.org.mk/docs/Summary_Law%20on%20courts.pdf