Новости

Евроатлантска иднина за Македонија?

Евроатлантска иднина за Македонија?

Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје, Институтот за демократија „Социетас Цивилис" - Скопје и Центарот за економски анализи, во соработка со Аспен институтот од Берлин организираат тркалезна маса под насловот „Евроатлантска иднина за Македонија?“, која ќе се одржи во понеделник.

Говорници на тркалезната маса се министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Димитров, специјалниот претставник за Југоисточна европа, Турција и земјите од ЕФТА на С.Р. Германија, амбасадорот д-р Кристијан Хелбах, како и г. Руслан СТЕФАНОВ од Центарот за изучување на демократија во Софија. На тркалезната маса е поканет и г. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но неговото учество сè уште не е потврдено. Дискусијата ќе ја модерира д-р Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ.

Во фокусот на дискусијата ќе се најде претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, но и тоа која е улогата која Германија и другите партнери можат да ја одиграат за европската иднина на Македонија. Ќе се разговара и за влијанието на постапките на Македонија врз земјте од регионот, како и примерите на соседните држави кои пристапија кон ЕУ и НАТО во блиското минато.

На тркалензата маса се поканети претставници од институции, амбасади, граѓански организации, политички партии и независни експерти, кои се очекува да земат активно учество во дискусијата.