Новости

Форум на тинк тенк организации од Полска и Македонија

Форум на тинк тенк организации од Полска и Македонија

Денеска се одржа форум на тинк тенк организации од Македонија и Полска, како дел од работната средба помеѓу МНР на Република Македонија и МНР на Република Полска. Настанот го отворија на министерот за надворешни работи на Република Македонија Н.Е. Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Полска Н.Е. Јачек Цапутовиц.

Претставниците на тинк-тенк организациите се осврнаа на искуството на Република Полска во поглед на евроатлантските организации, како и односите кои Македонија и Полска ги имаат со Русија и Азија. Дополнително, истражувачите се осврнаа на ефектите од соработката на локалните власти и меѓуграничната соработка помеѓу државите, како и придобивките од Берлинскиот процес.

Темите и учесниците на форумот се:

Безбедноста на Балканот и неговите евроатлански аспирации

  • ● Tomasz ŻORNACZUK, Раководител на одделот на програмата за централна Европа, Полски институт за меѓународни односи (PISM)
  • ● Witold RODKIEWICZ, аналитичар, Центар за источни студии (OSW)
  • ● Марко ТРОШАНОВСКИ, претседател, Институт за демократија “Societas Civilis”
  • ● Магдалена ЛЕМБОВСКА, аналитичарка, Аналитика – мисловна лабораторија

 

Соработка со националните/локалните власти, вклучувајќи го Берлинскиот процес

  • ● Marta SZPALA, виша соработничка, Центар за источни студии (OSW)
  • ● Adriana SKORUPSKA, аналитичарка, Полски институт за меѓународни односи (PISM)
  • ● Алберт МУСЛИУ, извршен директор, Асоцијација за демократски инисијативи
  • ● Биљана СПАСОВСКА, координаторка за застапување и јавни политики, Балканска мрежа за развој на граѓански организации

Модератор: Александар Јованоски, програмски координатор во Институтот за европска политика (ЕПИ)

Форумот на тинк тенк организации за прв пат се одржува како дел од Конференцијата во Скопје, која е механизам на соработка помеѓу Р. Полска и Р. Македонија, воспоставен во 2010. Повеќе информации можете да најдете на прикачениот документ.

  • Конференција во Скопје (Полска и Македонија) - дневен ред 12.03.2018 [.pdf 757KB]