Новости

Реакција на граѓански организации за однаночувањето на физичките лица со ДДВ

Реакција на граѓански организации за однаночувањето на физичките лица со ДДВ

Ние, долупотпишаните организации, сакаме да ја информираме јавноста и да дадеме препораки до надлежните институции во врска со оданочувањето на физичките лица со ДДВ во рамки на постојната регулатива, кое е проблематично, од неколку аспекти.

Ова соопштение за јавност е во фунција на подобрување на владеењето на правото, зајакнување на правната сигурност, подобрување на услугите од страна на јавниот сектор.

Како позначајни спорни точки за оданочување на физичките лица со ДДВ ги издвојуваме:

  • ● Законот за ДДВ, ниту кој било друг закон, не дефинира што претставува самостојна стопанска дејност на физички лица.
  • ● Утврдувањето на даночна основа за ДДВ врз основа на приходот пријавен во даночната пријава за персонален данок од доход не е егзактен метод за даночни цели и затоа го поткопува правниот систем од причина што не дава прецизни податоци за изворите на тие приходи, природата на нивното настанување и нивниот континуитет
  • ● Авторските договори не може да подлежат на ДДВ, по дефиниција
  • ● Договорите за дело, авторските договори и останатите консултантски договори за физичкото лице немаат континуитет како кај правен субјект регистриран за објавување на одредена дејност со цел остварување на профит.

 

Предлози за појасна законска ДДВ регулатива

1. УЈП моментално да се повлече од арбитрарното толкување на Законот за ДДВ.

2. УЈП привремено да продолжи да администрира само кај случаите каде тој Закон е јасен (главно, кај Договорите за издавање недвижен имот).

3. Да се отвори јавна дебата за потребата физичките лица да влезат во системот на ДДВ, со објаснување/едуцирање зошто е тоа потребно и како е направено во земјите на ЕУ.

4. Да се допрецизира самостојна стопанска дејност во Законот за ДДВ (со посебен подзаконски акт), и да се усогласи со другите релевантни закони (на пр., Закон за трговски друштва).

5. Јасно да се разделат авторските договори кои се надвор од опфатот на ДДВ (создавање авторски дела за „општо добро“ – по примерот на ЕУ), од оние авторски договори кои по природа се консултантски договори и кои може да бидат предмет на ДДВ цели.

6. Да се направи анализа на административниот капацитетот и ефикасноста на УЈП за администрирање на јавните давачки кои ги администрира и потоа да се постави соодветна граница за потребите на ДДВ за прометот на лица обврзници на ДДВ.

7. Да се организираат трибини и советувања за предложените законски решенија, во кои ќе бидат вклучени УЈП и сметководителите.

8. Да се надгради регистарот на физички лица обврзници на ДДВ, со јасно назначување на нивната самостојна стопанска дејност. 5

9. Во меѓувреме, УЈП да го надгради својот административен капацитет за ефикасно спроведување на законската измена. При тоа во фазите на системскиот инженеринг за администрирање да се почитува фазата на тестирање на системот која треба да се изолира од и не смее да се поклопува со фазата на употреба на системот.

10. Дополнувањата на Законот да се донесат транспарентно и инклузивно, а едукативната кампања да продолжи континуирано.

11. Законот да се спроведува најрано од моментот на донесувањето на измените и регистрацијата за ДДВ да важи од момент на исполнување на условите претходно дефинирани за регистрација на ДДВ.

Целосното соопштение е достапно овде.

Потпишани организации:

  1. Центар за економски анализи
  2. Finance Think
  3. Центар за даночна политика
  4. Транспаренси Интернешнл – Македонија
  5. Евротинк
  6. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  7. Фондација отворено општество Македонија
  8. Институт за демократија Социетас цивилис – Скопје
  9. Институт за европска политика – Скопје
  10. Институт за комуникациски студии
  11. Институт за општествени и хуманистички науки, Скопје
  12. Analysis and advisory group
  13. Центар за управување со промени
  • Соопштение за јавност во врска со ДДВ оданочување на физички лица [.pdf 385KB]