Новости

Значењето на бугарското претседателството за Република Македонија

Значењето на бугарското претседателството за Република Македонија

"Бугарија ќе работи кон изнаоѓање на заеднички решенија кои ќе одговорат на потребата на Европа и европските граѓани за поголема безбедност, стабилност и солидарност, со цел да се воспостави силна, дигитална и обединета Европа преку консензус, натпревар и кохезија." - Програма на Република Бугарија за претседателството со Советот на ЕУ

 

Приоритети на претседателството на Бугарија со Советот на ЕУ

Република Бугарија, која е дел од тројката на претседателства Естонија-Бугарија-Австрија, го зема претседателството со Советот на Европската Унија во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, под мотото „Заедно сме посилни“.
Програмата на претседателството има четири приоритетни области: иднината на Европа и младите – економски развој и социјална кохезија; европската перспектива и поврзаноста на Западниот Балкан; сигурност и стабилност во силна и обединета Европа; и дигитална економија и вештини потребни за иднината.[1]

Преку оваа програма, бугарското претседателство сака да поттикне безбедност, стабилност и солидарност во Европа. Безбедноста се смета како особено релевантна по миграциската криза и терористичките акти во минатите години, стабилноста се однесува на просперитетот и благосостојбата на граѓаните, додека пак солидарноста се смета како клучна во решавање на заедничките предизвици преку заедничко делување.[2] Еден од главните предизвици ќе биде вспоставување на ПЕСКО, механизамот за соработка во одбраната на ЕУ. Бугарското претседателство цели кон постигнување на овие теми преку создавање на консензус на некои клучни прашања и преку поттикнување на конкурентност и кохезија.[3]

Консензус ќе се бара за темите: безбедноста и миграцијата, иднината на Западниот Балкан во ЕУ, одржлив интегриран пристап кон регионите на Дунав и Црното Море и ефикасна, брза и правична правда.[4] Во областа на безбедноста и миграцијата, ова претседателство ќе се фокусира на обезбедување одржливи и правични решенија околу политиките за азил и процедурите за враќање на мигранти. За време на бугарското претседателство, земјите членки ќе се осврнат кон изворот на миграцијата, зајакнување на граничната контрола и подобрување на размената на информации помеѓу институциите.[5] Иднината на Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ е исто така на агендата.

Бугарското претседателство ја смета конкурентноста за силна страна на пазарот на Европската Унија, особено по високото ниво на долг и недоволниот раст на платите.[6] Затоа, конкурентноста ќе биде промовирана преку: создавање на конкурентен единствен пазар (со фокус на дигитален единствен пазар); промоција на претприемништвото и социјалната иновација (повторно со фокус на дигиталната технологија); продлабочување на економската и монетарната унија, заедно со намалување на ризиците во банкарскиот сектор, создавање на банкарска унија и унија на пазарот на капитал; поттикнување на одржлива околина која е насочена кон иднината, како и стабилна европска енергетска унија; осврт кон иднината на работните места, со фокус на можностите за вработување, социјалната сигурност, социјален дампинг и „одлив на мозоци“.[7] Бугарското претседателство ќе се фокусира на дигиталната економија и на вештините потребни за иднината, особено во поглед на младите лица. Електронската комуникација и овозможувањето на прекугранични услуги (особено на малите и средни бизниси), интелектуалната сопственост, е-приватноста и сајбер безбедноста ќе бидат тема на разговорите.[8] Врската помеѓу образованието и потребите за иднината на пазарот на труд е исто така приоритет на бугарското претседателство. За таа цел, фокусот ќе биде ставен на раниот детски развој, модернизација на европските образовни системи и зајакнување на социјалната вклученост преку формалното и неформалното образование.[9]

Кохезијата е клучен аспект од планот на бугарското претседателство за подобрување на благосостојбата на граѓаните на ЕУ.[10] Од голема вредност е политиката на кохезија[11] и затоа, бугарското претседателство ќе се обиде да го зголеми опсегот на оваа политика, преку поедноставување на законодавството, правилата и процедурите.[12] Дополнително, постои надеж дека ќе се реформира Повеќегодишната финансиска рамка по 2020 година со отворање на дискусија за употребата на финасиските инструменти, додека приоритет би се ставило на економскиот развој и работните места.[13] Исто така, за време на ова претседателство, Бугарија сака да ја поедностави и модернизира Заедничката политика за агрокултура, но и да ја употреби културата како стратешки ресурс за подобра иднина на Европската Унија.[14]

Бугарското претседателство и Западниот Балкан

Позитивните изјави од страна на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан го прикажуваат позитивното расположение на ЕУ кон интеграцијата на Западниот Балкан. За време на нејзината посета на Македонија, Могерини изјави: „Европската Унија е посветена на европската интеграција на оваа земја и на целиот регион. Нашата врата е секогаш отворена и сакаме оваа земја да влезе и да стане членка на ЕУ. Што се однесува до нас, ние сме подготвени за напредок.“[15] Воедно, комесарот Хан изјави дека: „2018 ќе биде клучна година и прилика за поттикнување на пристапувањето на Западниот Балкан“.[16] Овие коментари покажуваат дека постои позитивна политичка клима за проширувањето на ЕУ.

Претседателството на Република Бугарија е одлична шанса за искористување на оваа позитивна политичка клима. Поддршката на Бугарија кон интеграцијата на Западниот Балкан е јасна, како што Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Р. Бугарија потврди дека: „Бугарија активно и константно ја поддржува евроатлантската интеграција на нашите соседи од Западниот Балкан“.[17]

Со таа цел, програмата на ова претседателство ја дефинира политиката на проширување на ЕУ како една од четирите приоритетни области, истакнувајќи дека „амбицијата на бугарското претседателство е да биде Балканско претседателство“. Конкретните предизвици кои треба да се решат се регионалната соработка и агендата за поврзување, која има за цел да го подобри пристапот кон европскиот пазар преку транспортот (коридор 8: Црното Море – брегот на Албанија). Се очекува напредок во комуникациите (намалување на роамингот), енергијата, образованието и дигиталната агенда. Дополнително, претседателството на Бугарија се стреми да воспостави јасна европска перспектива и акциски план за секоја држава, составени од реални и конкретни чекори за напредок. Лилјана Павлова, министерката на Р. Бугарија одговорна за претседателството со Советот на ЕУ, изјави: „Целта е да дадеме фер и објективен план за делување на секоја од земјите“.[18] Со тоа што Стратегија 2025 на ЕК, која се очекува да излезе во февруари 2018,[19] ги става во прв план Србија и Црна Гора како земји кои се најнапред во процесот, посветеноста на Бугарија за интеграцијата на секоја земја од Западниот Балкан е позитивен чекор. Ова отвара можност останатите земји од регионот да го забрзаат својот напредок.

Најконкретната иницијатива од бугарското претседателство е неформалниот самит на лидерите на земјите од Западниот Балкан, кој ќе се случи на 18 мај во Софија. Во поширока смисла, постои надеж дека поддршката на Бугарија ќе биде искористена во веќе постоечката позитивна политичка клима во ЕУ за проширување и дека прашањето ќе остане на европската агенда, како што ЕУ се подготвува за проширување во 2025.[20]

Значењето на бугарското претседателството за Република Македонија

Позитивниот политички контекст во ЕУ е засилен од исто така позитивен политички контекст во Македонија. Со промената на власта во Македонија, лидерите во земјата преземаа јасни чекори кон ЕУ и НАТО интеграција. Ова, заедно со Договорот за добрососедство со Бугарија,[21] значи дека Македонија може да има извесни придобивки од влијанието на Бугарија. Во поддршка на ваквата теза, амбасадорот на Бугарија во ЕУ, Димитер Цанчев, кажа дека владата на Република Македонија изразила „нова волја“ за решавање на билатералните прашања кои стоеле на патот кон ЕУ.[22] Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, изрази надеж дека Македонија ќе се стекне со препорака за отпочнување на преговорите за време на бугарското претседателство.[23] Европската комисија потврди дека се можни такви поместувања во оваа временска рамка.[24] Иако прашањето околу името останува клучен проблем за евроатлантската интеграција на Македонија, скорешните средби со Грција се сметаат за конструктивни. Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев смета дека е возможно да се постигне решение во првата половина од 2018 година, а грчкиот премиер Алексис Ципрас кажа дека постои „прозорец за решавање“ на проблемот.[25] Со оглед на јасните ставови на ЕУ дека нема да дозволи „внесување на билатерални спорови во Унијата“,[26] подобрувањето на односите со Бугарија и Грција носи позитивни надежи за иднината на Македонија.


Автор на текстот е Фиби Харис, соработник во Институтот за европска политика - Скопје.


[1] Bulgarian Presidency of the Council of the European Union. Programme of the Republic Of Bulgaria for the Presidency of The Council of the European Union, p. 6. Available at: https://eu2018bg.bg/en/programme

[2] Bulgarian Presidency of the Council of the European Union. Priorities. Available at: https://eu2018bg.bg/en/priorities

[3] Embassy of the Bulgaria. Bulgarian Presidency of the Council of the European Union (1 January – 30 June 2018). Washington D.C. Available at: http://www.bulgaria-embassy.org/en/bg-presidency/

[4] Ibid.

[5] Bulgarian Presidency of the Council of the European Union. Priorities: Security and Stability. Available at: https://eu2018bg.bg/en/53

[6] Bulgarian Presidency of the Council of the European Union. Future of Europe and Young People. Available at: https://eu2018bg.bg/en/27

[7] Embassy of the Bulgaria. Bulgarian Presidency of the Council of the European Union (1 January – 30 June 2018). Washington D.C. Available at: http://www.bulgaria-embassy.org/en/bg-presidency/

[8] Bulgarian Presidency of the Council of the European Union. Digital Economy. Available at: https://eu2018bg.bg/en/54

[9] Ibid.

[10] Embassy of the Bulgaria. Bulgarian Presidency of the Council of the European Union (1 January – 30 June 2018). Washington D.C. Available at: http://www.bulgaria-embassy.org/en/bg-presidency/

[11] Bulgarian Presidency of the Council of the European Union. Future of Europe and Young People. Available at: https://eu2018bg.bg/en/27

[12] Bulgarian Presidency of the Council of the European Union. Programme of the Republic Of Bulgaria for the Presidency of The Council of the European Union, p.8. Available at: https://eu2018bg.bg/en/programme

[13] Embassy of the Bulgaria. Bulgarian Presidency of the Council of the European Union (1 January – 30 June 2018). Washington D.C. Available at: http://www.bulgaria-embassy.org/en/bg-presidency/

[14] Ibid.

[15] European Western Balkans. 2017. Mogherini in Western Balkans: EU’s ‘door is open’, calls for political solution in Skopje. Available at: https://europeanwesternbalkans.com/2017/03/03/mogherini-in-western-balkans-eus-door-is-open-calls-for-political-solution-in-skopje/

[16] European Western Balkans. 2017. Hahn: 2018 will be crucial year for the Western Balkans’ EU accession process. Available at: https://europeanwesternbalkans.com/2017/12/16/hahn-2018-will-crucial-year-western-balkans-eu-accession-process/

[17] Independent Balkan News Agency. 2017. Bulgaria to host Western Balkans summit in Sofia in May 2018 during EU Presidency. Available at: http://www.balkaneu.com/bulgaria-to-host-western-balkans-summit-in-sofia-in-may-2018-during-eu-presidency/

[18] Ibid.

[19] European Commission. 2017. Roadmap for a more united, stronger and more democratic union. Informal Dinner of Heads of State or Government ahead of the Tallinn Summit. Available at: https://ec.europa.eu/commission/sites/beta-political/files/roadmap-soteu-factsheet_en.pdf

[20] EU Observer. 2018. EU sets date for next wave of enlargement. Available at: https://euobserver.com/enlargement/140478

[21] Balkan Insight. 2017. Macedonia, Bulgaria Sign Landmark Friendship Treaty. Available at: http://www.balkaninsight.com/en/article/macedonia-bulgaria-sign-friendship-treaty-08-01-2017

[22] Euractiv. 2018. Bulgarian Presidency: Non-European powers showing interest in Western Balkans. Available at: https://www.euractiv.com/section/enlargement/news/bulgarian-presidency-non-european-powers-showing-interest-in-western-balkans/

[23] European Western Balkans. 2018. Osmani: First – name solution, then referendum. Available at: https://europeanwesternbalkans.com/2018/01/04/osmani-first-solution-name-referendum/

[24] Euractiv. 2018. Bulgarian Presidency: Non-European powers showing interest in Western Balkans. Available at: https://www.euractiv.com/section/enlargement/news/bulgarian-presidency-non-european-powers-showing-interest-in-western-balkans/

[25] EU Observer. 2018. EU sets date for next wave of enlargement. Available at: https://euobserver.com/enlargement/140478

[26] Ibid.