Новости

Што се случуваше во 2017? Ајде да дознаеме!

Што се случуваше во 2017? Ајде да дознаеме!

Нашите најзначајни достигнувања во 2017 година

Успешно ја спроведовме првата дебатна анкета во Македонија, во соработка со Универзитетот Стенфорд од САД и финансиска поддршка од Цивика Мобилитас. Со оваа дебатна анкета, ја приближуваме Европската Унија и процесот на пристапување поблиску до граѓаните. По анкетата која беше спроведена на ниво на цела држава, со репрезентативен примерок од 1100 испитаници, поканивме 150 граѓани во Скопје да дискутираат и да ги осознаат најзначајните аспекти од процесот на интеграција во ЕУ. Граѓаните имаа прилика да разменат мислења со носителите на одлуки, вклучувајќи го претседателот на Собранието на РМ, министерот за надворешни работи и претседавачот на Националниот совет за евро-интеграции. 

Годишната конференција Forum Europaeum: Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0 беше огромен успех! На конференцијата присуствуваа 150 учесници, вклучувајќи различни засегнати страни, преку што беа дадени различни погледи за патот на Македонија кон ЕУ.

Како дел од Мрежа 23 ја развивавме соработката со институциите и професионалните здруженија. Пример за ова е нашиот придонес кон Стратегијата за реформа во правосудниот сектор, како и укинувањето на Законот за одредување на видот и одредување на висината на казната, како што се залагаше Мрежа 23.

Учествувавме и придонесовме кон создавањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, врз основа на наодите на нашиот регионален проект - WeBER. Исто така, оваа година бевме домакини на третиот состанок на регионалната ВеБЕР платформа, кој се одржа во Скопје, каде граѓански организации, институции, експерти и новинари дискутираа и разменуваа искуства за реформите во јавната администрација.

Ја спроведовме првата надворешна евалуација на ЕПИ.

Клучни наоди

Во поглед на мисијата, надворешниот контекст и стратешкиот процес, ЕПИ се опишува како професионална, кредибилна, експертска и непристрасна организација, која се адаптираше на прагматичен начин кон комплексниот политички контекст и донаторската околина. Како најголемо достигнување се смета градењето на реноме на организација која е посветена на истражување и застапување.

Документите на ЕПИ често се употребуваат како референца и како извор на веродостојни информации во сенка, за потоа да се користат директно во создавањето на политики (на пр. закони, стратегии, имплементација на политики), или пак се користат во проценките на засегнатите страни. Настаните кои ги организира ЕПИ се доживуваат како квалитетни, со учесници на високо ниво, кои овозможуваат експертска дебата. Во поглед на комуникацијата и застапувањето, организацијата е позната по својот конкретен пристап кон засегнатите страни и носителите на одлуките.