Новости

Трнливиот пат на земјите од Западен Балкан во ЕУ интеграцијата: Регионална анализа

Трнливиот пат на земјите од Западен Балкан во ЕУ интеграцијата: Регионална анализа

Вовед

Во 2016 година, ТЕН мрежата направи темелна, структурирана и објективна анализа на извештаите од Европската комисија за земјите од Западниот Балкан. Овој документ ги спореди системот за оценување и оценката на ЕК за сите критериуми/поглавја од извештаите за земјите кандидати. Истовремено, овој независен преглед придонесе до зголемување на јавната свест за тоа каде стои секоја земја кандидат во евроинтеграцискиот процес. 

Трнливиот пат на земјите од Западен Балкан во ЕУ интеграцијата

Новата анализа се фокусира на препораките од ЕК во извештаите за 2015 и 2016 година, оценувајќи до која мера се импелментирани во секоја од земјите кандидати. Воедно, анализата дава преглед помеѓу извештаите од 2015 и 2016 година, истакнувајќи ги разликите и сличностите. Целта на овој пристап е да се направи основна проценка на трендовите и заедничките проблеми, забележувајќи го напредокот низ времето.

Со оваа анализа, целиме кон подобрување на механизмите на мониторинг на ЕУ. Воедно, поединечните анализи на земјите, изработени од секој проектен партнер, даваат препораки на националните влади, во однос на спроведување на препораките од ЕК на краток и долг рок.

Структура на документот:

► Резиме и анализа на препораките од меѓународните и регионалните авторитети;
► Анализа на препораките и оценките дадени во извештаите за земјите, според Копенхашките критериуми: Политички критериуми, економски критериуми, способност да се спроведе EU Acquis.
► Препораки

Anaylsis:  The Western Balkans’ bumpy quest for EU integration - Regional analysis [2016 comparative overview]

Key area performances infographic:

Компаративната анализа е направена врз основа на одделните анализи за земјите кандидати. Одделните анализи можете да ги најдете на линковите подолу. 

--

Проектот БЕНЧЕР го координира ЕПИ, а е имплементиран од TEN - Think for Europe Network. Проектот е финансиран од European Fund for the Balkans и кофинансиран од Think Tank Fund.

  • The Western Balkans’ bumpy quest for EU integration - 2016 Regional analysis [BENCHER] [.pdf 547KB]
  • 2016 Macedonia country analysis: From a free fall to a new take-off?_BENCHER [.pdf 445KB]
  • 2016 Albania country analysis: Still a "work in progress" case_BENCHER [.pdf 374KB]
  • 2016 Bosnia and Herzegovina country analysis: One step forward, two steps back_BENCHER [.pdf 341KB]
  • 2016 Kosovo country analysis: Limited progress - reiterated recommendations_BENCHER [.pdf 476KB]
  • 2016 Montenegro country analysis: The case of Montenegro_BENCHER [.pdf 400KB]
  • 2016 Serbia country analysis: The 2016 Serbia country report - No surprises?_BENCHER [.pdf 343KB]