Новости

Успешно заврши првата дебатна анкета во Македонија!

Успешно заврши првата дебатна анкета во Македонија!

Ново: пристигнаа првите резултати од дебатната анкета!

Евидентна е промената на перцепциите на граѓаните по националната дебата за ЕУ. Голем дел од граѓаните сметаат дека членството на државата во ЕУ е многу важно, особено во делот на демократските и економските реформи. Од друга страна, многу мал број на граѓани сметаат дека Македонија ги исполнува демократските критериуми за влез во ЕУ. Oгромен број од нив се за итни реформи во делот на владеењето на правото, судството, администрацијата и медиумите.

Името претставува горливо прашање кое сериозно влијае врз перцепциите за ЕУ. Сепак, значителен број на граѓани би прифатиле промена на уставното име на државата доколку се гарантирани македонскиот јазик и идентититетот.

Погледнете го целиот инфографик со резултатите на линкот.

За настанот:

Викендов (18-19 ноември 2017) успешно се организираше првата дебатна анкета во Македонија која се однесуваше на пристапувањето кон ЕУ. Преку 150 граѓани од целата Македонија заедно дискутираа за евентуалниот развој, позитивни и негативни последици врз демократијата и економијата, доколку Македонија се вклучи во Европската Унија. Учесниците имаа прилика и да ги слушнат мислењата и ставовите на експерти и политичари од целиот спектар, со цел да изградат информирани и непристрансни мислења.

Повеќе за дебатна анкета: Deliberative Polling 101

Оваа анкета, која е организирана во рамките на проектот „Национална дебата за ЕУ“ и финансиран од Цивика Мобилитас, е прва од својот вид во регионот на поранешна Југославија, а втора на Балканот, по Софија. Дебатната анкета е организирана во директна соработка со Центарот за делиберативна демократија при Универзитетот Стенфорд од САД.

Организацијата на настанот ќе беше невозможна без помош од модераторите, волонтерите, говорниците, но не помалку важно, огромната помош од страна на професорот Џејмс Фишкин и д-р Алис Сиу од Центарот за делиберативна демократија на Универзитетот Стенфорд од САД.

Им се заблагодаруваме на сите, бидејќи без вашиот непроценлив труд, немаше да успееме настанот да го направиме дводневен дом на демократијата и дебатата.

Во прилог се наоѓаат материјалите со кои учесниците се информираа за областите на демократијата и економијата при вклучувањето кон ЕУ. Дополнително, прикачена е програмата со говорници, како и фотографии од настанот.

 

Ден 1: Демократија – Граѓаните дискутираат: како и зошто во ЕУ? ВИДЕО | ФОТОГРАФИИ
Ден 2: Економија – Граѓаните дискутираат: како и зошто во ЕУ? ВИДЕО | ФОТОГРАФИИ

Повеќе информации за настанот.

Со огромна почит,

Тимот на Институтот за европска политика - Скопје

----

Настанот е организиран како дел од проектот „Национална дебата за ЕУ“, финансиран од Цивика Мобилитас, со поддршка на Универзитетот Стенфорд од САД.

  • Материјали за информирање за демократија и економија - Национална дебата за ЕУ [.pdf 1303KB]
  • Агенда - Национална дебата за ЕУ (18-19 ноември 2017) [.pdf 460KB]