Новости

Граѓаните дискутираат: како и зошто во ЕУ?

Институтот за европска политика (ЕПИ) на 18 и 19 ноември (сабота и недела) организира дебатна анкета за очекувањата на граѓаните од членството во Европската Унија, насловена Граѓаните дискутираат: како и зошто во ЕУ?“, во хотелот Континентал – Скопје.

Дебатната анкета која се организира во рамки на „Национална дебата за ЕУ“ проектот, финансиски поддржан од Цивика мобилитас, претставува прва од овој вид во регионот од поранешна Југославија, а втора на Балканот – по Софија. Анкетата се организира по методологија и директна соработка со Универзитетот Стенфорд од САД.

Во дебатната анкета ќе учествува репрезентативен примерок од преку 150 граѓани од цела Македонија, при што граѓаните ќе имаат прилика директно да се запознаат со придобивките и недостатоците од пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија во две области: демократија и економија.

Покрај експерти кои ќе учествуваат во работните групи, граѓаните ќе имаат прилика да слушнат политичари и експерти на пленарни сесии. Се очекува настанот да биде пренесуван на национални медуими и во живо на социјалните мрежи.