Новости

Ефектот што етичката клима во јавните институции го има врз одливањето на младите мозоци

Самет Шабани

Македонија сè почесто се соочува со феноменот познат како „одлив на мозоци“. Од друга страна, претходни истражувања покажуваат дека во Македонија е речиси невозможно вработување во државна институција, без некаква политичка поврзаност. Истовремено, јавната администрација се соочува со проблеми во овозможување на услугите со потребната грижа, добро однесување и професионализам. Имајќи го ова предвид, овој труд има за цел да истражи дали постои поврзаност помеѓу етичката клима во државните институции и одлуката за иселување од државата.

Според резултатите на оваа истражување, иселените млади имаат негативна перцепција кон етичката клима на државните инситутции во Македонија. Истражувањето покажува дека:

  • ● 65% од иселените млади изјавиле дека општата состојба поврзана со (не)етичката клима во државните институции имала влијание врз нивната одлука да заминат од државата;
  • ● 85% од испитаниците изјавиле дека незадоволството од квалитетот на јавните услуги имало важност во нивната одлука за напуштање на државата.
  • ● Поврзано со тоа, на 58% од ислените млади негативното личното искуство со државните инситутции им влијаело во одлуката за иселување. Според нив, ‘не покажување на волја да ми се овозможи потребната услуга’ е изјавата што најдобро го опишува лошото искуство.
  •  

Резултатите на ова истражување покажаа дека лошата етичка клима во државните институции во Македонија има катализирачка улога врз одлуката за иселување кај младите. Според иселените млади, непочитувањето на правните и професионалните стандарди, не покажување волја да се овозможи потребната услуга и нееднаквиот третман кон граѓаните имале влијание во нивното верување дека не можат да најдат перспектива во државата.

Со ова истражување им се препорачува  на државните институции да ја подигнат свеста за јавната администрација како професија што ги исполнува потребите на граѓаните и општеството, преку различни кампањи. Воедно, државните службеници треба да покажат повеќе грижа за услугите кои им требаат на граѓаните, доследно да ги почитуваат професионалните и правните стандарди и да ги подобрат вештините потребни за комуникација и контакт со граѓаните.

Истражувањето се наоѓа на линковите подолу.

МК: Од младите за младите: перспективи за општествени предизвици
EN: From youth for youth: perspectives for societal challenges
AL: Nga te rinjte per te rinjte: perspektiva per sfidat ne shoqeri
 

Истражувањето е дел од проектот „Градење на следната генерација на младински лидери“, финансиран од Центарот за меѓународно приватно претприемништво.