Новости

Младинска невработеност во Македонија - предизвици и можности [истражување]

Ѓорѓи Димески

Имајќи ги предвид константно високите стапки на младинска невработеност, евидентна е потребата од евалуирање на чекорите кои владата ги презема за справување со овој предизвик. Мерките кои ги презема Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија се имплементираат секоја година, но без притоа да се направи анализа на нивната ефективност.

Ова истражување се обидува да ја утврди ефикасноста на мерките за намалување на младинската невработеност. За таа цел, истражувањето вклучува две мерки кои се детално опишани во Акциските планови на МТСП:

  • ● „помош при самовработување на млади лица“ и
  • ● „субвенционирање на млади лица“.
  •  

Мерките беа детално анализирани, првично од аспект на механизамот на кој би требало да работат, а потоа беа обработени и резултатите кои ги остваруваат. Истражувањето покажа дека:

  1. 1. Простор за подобрување има во мерката помош при самовработување на млади лица, каде што се предложува намалување на трошоците за нејзино имплементирање и воведување на поголеми критериуми онаму каде што е потребно.
  2. 2. Во однос на субвенционирањето на младите лица, теренското истражување покажа дека мерката носи големи алокациски трошоци кои негативно влијаат на нејзината ефективност.
  3.  

Истражувањето нуди повеќе препораки за подобрување на ефикасноста на мерките за намалување на младинската невработеност. Препораките одат во насока на зголемување на критериумите за аплицирање за двете мерки, како и воведување на механизам за таргетирање, односно приоритизирање на лицата и видот на компании на кои овие мерки им се најпотребни.

Дополнително, порепорачани се понатамошни евалуации кои ќе ги земат предвид сите мерки од Акциските планови, бидејки присуството на овие трошоци е можно и во имплементацијата на други мерки.

Истражувањето се наоѓа на линковите подолу.

МК: Од младите за младите: перспективи за општествени предизвици
EN: From youth for youth: perspectives for societal challenges
AL: Nga te rinjte per te rinjte: perspektiva per sfidat ne shoqeri
 

Истражувањето е дел од проектот „Градење на следната генерација на младински лидери“, финансиран од Центарот за меѓународно приватно претприемништво.